Архиепископот Шевчук повика на солидарност со Украина

Архиепископот Шевчук повика на солидарност со Украина

Поглаварот на Украинската источно-католичка Црква, големиот архиепископ на Киев Свјатослав Шевчук, повика на солидарност на меѓународната заедница со Украина.

Во својата изјава, поглаварот на Украинската источно-католичка Црква рече дека должност и одговорност на целото човештво е активно да работи на спречување војна.

По влегувањето на руските трупи во областите Доњецк и Луганск во Источна Украина, поглаварот на Украинската источно-католичка Црква, неговото блаженство Свјатослав Шевчук, ги повика сите луѓе со добра волја „да не го игнорираат страдањето на украинскиот народ“.

Нагласувајќи дека одбраната на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е „природно право и граѓанска должност“ на сите украински граѓани, архиепископот Шевчук рече дека „исто така, должност и одговорност на целото човештво е активно да работи на спречување војна и да го заштити праведниот мир.” Архиепископот Шевчук го заврши својот апел молејќи Божја заштита за украинскиот народ.

ИКА/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот