Апостолскиот нунциј, Н.В.П. монс. Лучијано Суриани, се сретна со Меѓурелигискиот совет во Македонија
На 22 ноември 2023 година, Апостолскиот нунциј во Македонија монсињор Суриани се сретна со членовите на Меѓурелигискиот совет на Македонија во организација на бискупот Стојанов во Бискупската резиденција на Водно во Скопје.
Меѓурелигискиот совет го сочинуваат поглаварите на Црквите и верските заедници застапени во македонскиот устав.
На средбата присуствуваа покрај домаќинот монс. д-р Киро Стојанов, поглаварот на МПЦ – ОА, Неговото блаженство г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски, господин Марјан Димов, суперинтенден од Евангелско-методистичката црква и господин Пепо Леви – претседател на еврејската заедница. На средбата присуствуваше и господин м-р Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Реус-ул-улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи од ИВЗ, поради обврски не беше во можност да присуствува на средбата.
Средбата помина во срдечна братска атмосфера на која беа опфатени актуелни теми од верскиот живот во Црквите и верските заедници.
Апостолскиот нунциј ги пренесе поздравите од Светиот Отец папа Фрањо и посака успех и Божји благослов во работата на Меѓурелигискиот совет, а домаќинот бискупот Стојанов искажа благодарност за присутноста.
Ватикан њуз/к.мк