Да не бидеме површни христијани

Да не бидеме површни христијани

Потребно е да молиме за милоста на сеќавањето на првата средба со Исус која што ни го променила животот – истакна папата Фрањо во проповедта во текот на светата Литургија која по велигденскиот одмор ја служеше во домот света Марта на 12 април 2018 година.

Христијанското сведоштво смета, никогаш не ја продава вистината, како што сведочат повеќе отколку во првите векови бројните прогонети и убиени христијани. Компромиси не се својствени за христијаните. Потребно е да молиме за милоста на сеќавањето на првата средба со Исус која што ни го променила животот – истакна папата Фрањо во проповедта во текот на светата Литургија која по велигденскиот одмор ја служеше во домот света Марта на 12 април 2018 година. Послушност, сведоштво, конкретност – се трите карактеристики кои произлегуваат од воскресната радост за кои зборуваше Светиот Отец.

Воскресна радост

Педесетте денови пасхално време за апостолите било „време на радост“ заради Христовото воскресение – рече Папата. Време на вистинска, но сè уште исполнета со сомнение и плашлива радост која прашува како сето тоа ќе заврши. Додека подоцна со слегувањето на Светиот Дух, таа радост станува „заразна“. Порано разбирале зошто го гледат Господ, но не разбирале сè; биле задоволни, но не успевале да сфатат. Светиот Дух им помагал сè да сфатат – рече папата Фрањо.

Послушност е да се врши Божјата волја

На апостолите им било забрането да го навестуваат Исус, сепак откако ангелот ги ослободил од затворот, повторно поучувале во храмот – потсети Папата. Како што ни зборува првото денешно читање од Делата Апостолски (Дела 5, 27-32), стражарите ги изведоа пред Синедрионот каде првосвештеникот ги потсетил дека им е строго забрането да поучуваат во Исусово име. Одоговорот на Петар, на тоа бил: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето!“

Зборот „послушност“ се појавува во денешната Литургија и во Евангелието (Иван 3, 31-36) Папата го истакна затоа што „животот во послушност“ е карактристика за апостолите кои го примиле Светиот Дух. Послушност за наследување на Исус кој „бил послушен сѐ до крајот“, како во Маслиновата гора. Послушност која значи да се врши Божјата волја – рече Папата. Послушноста е патот кој Синот ни го „отворил“, а христијанинот затоа е послушен на Бог.

Парите – првата световна работа

Напротив, свештениците кои сакале да заповедаат, сè средиле со поткуп; митото дошло дури до гробот. На тој начин светот ги решава работите – рече Папата и објасни: Со световни работи, а први се парите, чиј господар е ѓаволот. И самиот Исус вели дека не е возможно да им се служи на двајца господари.

Прогонети христијани

Втората каратеристика на апостолите е сведоштвото. Христијанското сведоштво смета – рече Папата. Можеби помалку бараме компромиси помеѓу светот и нас, но христијанското сведоштво не ги познава патиштата на компромисите. Тоа го познава трпението во придружувањето на луѓето кои не го делат нашиот начин на размислување, нашата вера: трпение за поднесување, придружување, но кое никогаш не ја продава вистината.

Прво, послушнста. Второ, сведоштвото, кое многу смета – повотори Папата. Мислете на прогонетите христијани во Африка, на Блискиот Исток… Денес ги има повеќе отколку во првите времиња; во затвор, погубени, обесени затоа што го исповедувале Исуса. Сведоштво сè до крајот.

Да не бидеме „разводнети“ христијани

Конкретноста на апостолите е третиот аспект на кој се осврна папата Фрањо. Зборувале за конкретни работи, не за „бајки“. Затоа како што апостолите го виделе и допреле, секој од нас го допрел Исус во сопствениот живот – рече Папата. Често се случува заради гревовите, компромисите и стравот да заборавиме на таа прва средба, средбата која ни го променила животот.

Поседуваме сеќавање, но тоа е разводнето, и нè прави слаби христијани. Разводнети, површни. Затоа треба секогаш од Светиот Дух да ја бараме милоста на конкретноста. Исус поминал во мојот живот, во моето срце. Духот влезе во мене. Дали тоа можеби сум го заборавил? Време е да ја бараме воскресната радост. Да ја молиме едни за други таа радост која доаѓа од Светиот Дух, која ја дава Светиот Дух; радоста на воскресната послушност, радоста на воскресното сведочење и радоста на воскресната конкретност – поттикна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот