Ангел Господов: Христијанин и заедница кои се „глуви“ за гласот на Светиот Дух стануваат „неми и не евангелизираат

Христијанин и заедница кои се „глуви“ за гласот на Светиот Дух стануваат христијанин и заедница кои се „неми“, па не зборуваат и не евангелизираат – предупреди папата Фрањо пред денешната пладневна молитва Ангел Господов. Потсетувајќи дека го славиме Крштението Господово со кое завршува божиќното литургиско време, Папата истакна дека настанот на отворање на небото по повод Исусовото крштение на Јордан потсетува на зборовите на пророкот Исаија: О да ја раскинеш небесата и да слегнеш! Тој крик е услишан на Исусовото крштение. Заради тоа – продожи Светиот Отец – заврши времето на „затворена небеса“ која означувало одвоеност на човекот од Бог што е последица на гревот. Гревот нè одделува од Бог и ја пресекува врската на небото и земјата, предизвикувајќи ја така нашата беда и неуспех на нашиот живот – објасни Папата, додавајќи дека отворената небеса означува дека Бог ја дарува својата милост за земјата да го даде својот плод. Така земјата стана Божјо престојувалиште меѓу луѓето и секој од нас има можност да се сретне со Божјот Син; да ја искуси полнината на љубовта и бесконечното милосрдие.

Можеме да Го сретнеме реално присутен во светите Тајни, особено во Евхаристијата. Можеме да го препознаеме во лицето на нашите браќа, особено во сиромашните, болните, заробените, бегалците: „тие се живото тело на Христос Патникот и видлива слика на невидливиот Бог“ – рече Папата. Со Исусовото крштение не се отвори само небесата, туку Бог одново проговори и се слушнал глас: „Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата волја! Гласот на Отецот го навести таинството сокриено во Господовото крштение. Слегувањето на Светиот Дух во вид на голуб овозможува Христос – Господовиот Помазаник – да го започне Своето послание, а тоа е нашето спасение. Често забораваме да се молиме на Светиот Дух, а толку ни е потребна Неговата помош, Неговата сила и вдахновение – додаде Папата, продолжувајќи:

Светиот Дух Кој одвнатре го оживеа Христовиот живот е истиот оној Дух кој денес го води христијанскиот живот. Да го ставиме нашиот христијански живот и послание под делувањето на Светиот Дух значи одново да најдеме апостолска храброст која е неопходна за полесно да ги надвалдееме световните отстапки. Христијанинот и заедницата кои се „глуви“ за гласот на Светиот Дух, Кој поттикнува и го носи Евангелието до крајот на земјата и општетсвото, стануваат христијанин и заедница кои се „неми“, па не зборуваат и не евангелизираат – предупреди Светиот Отец и додаде: Запамтете често да се молите на Светиот Дух бидејќи Он ни помага, ни дава сила и нè води напред.

По молитвата Ангел Господов Папата ги поздрави собраните ходочасници и ги потсети дека утре вечер се упатува на апостолско патување во Шри Ланка и Филипините. „Ве молам да ме следите со своите молитви“ – порача и предложи денес да се сетиме на радосните спомени од своето крштение, отпуштајќи ги на крајот верниците со својот вообичаен поздрав.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот