Џастин Бибер сведочи за Исус Христос

Џастин Бибер сведочи за Исус Христос

Колку некој и да се обидува да ја претстави верата на Џастин Бибер дека е лицемерна алатка за публиката, факт е дека за разлика од другите поп ѕвезди не се срамува да зборува за својата вера во Исус Христос.

Во последно време Џастин Бибер, познат пејач, сѐ почесто сведочи за својата вера во Исус Христос во неговиот живот, што навистина е храброст ако се има во предвид дека тој има влијание на бројни млади, а да се сведочи за Христос во денешно време значи да се соочи и со прогонства и напади од секаков вид. Многу забележуваат дека Бибер во последно време е многу ‘смирен’ и веќе не ги полни насловните страници на медиумите со скандали, како што тоа го правеше порано.

Светот го шокираше со објавата на неговиот Инстаграм профил за новата песна “Not Today”. Џастин Бибер кој беше во Австралија, каде што со млади христијани од Австралија молеше, на постот напиша: Нека знае ѓаволот: не денес. Ѓаволот нема власта над вас кога ќе го запознаете Живиот Бог. Неговото име е Исус. Потоа на постот додава: Зошто се грижите кога можете да славите?

Неговиот пост има 48 илјади коментари и над 6 милиони погледи, а повеќето се воодушевени од преобраќањето на Бибер и сведочењето за верата во Исус Христос. „Благодарам што го отвори срцето за неговото Царство“ – е еден од впечатливите коментари за таа објава.

Имено, ова младо момче до сега некако ја сокриваше својата вера во Исус Христос, а и не се снаоѓаше најдобро со популарноста. И додека многумина сметаат дека поради неговите гревови неговото сведоштво е лицемерно, сепак на Џастин Бибер мора да му се признае дека за разлика од многу други поп ѕвезди, тој е храбар сведок на верата во Исус Христос, а тоа денеска воопшто не е лесно.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот