Струмица: Базар за мисиите

На 18 окотмври 2015 година во парохијата Свети Иван Крстител Струмица е одбележана Мисиската недела, а за овој ден претходеше молитвена подготовка. Во парохиската Црква во рамките на Октомвриската побожност секој ден се молеше света Бројаница за мисиите и мисионерите.

По тој повод група млади верници изработија и Света Бројаница со боите на Мисионерската Бројаница, кои претставуваат пет континенти на Земјата и ја поставија пред иконостасот во црквата.

По завршувањето на светата Литургија во дворот на црквата беше организиран Базар за мисиите, на кои се продаваа креативни украси изработени од жените во парохијата на креативните работилници, кои се одржуваат секоја среда по Светата Бројаница.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот