Папата Фрањо: Да молиме до Богородица за заштита на секој човечки живот

Ватикан, 17.6.2013 /к.мк/ – На преполниот плоштад Свети Петар, во недела 16 јуни папата Фрањо се обрати до верниците по повод манифестацијата „Евангелие на живот“, во рамки на Година на верата, при што поттикна за заштита на секој човечки живот, посебно за оние кои се најслаби и загрозени.

******************

Драги браќа и сестри!

На крајот од ова евхаристиско славење посветено на Евангелието на животот, со радост потсетувам дека вчера во Карпи е прогласен за блажен Одоардо Фокерини, маж и татко на седум деца, новинар. Тој е уапсен и затворен поради омраза кон католичката вера, умре 1944 година во концентрационен логор во Херсбрук, на 37 годишна возраст. Спаси голем број евреи од нацистичкиот прогон. Заедно со Црквата во Карпи му благодариме на Бог за овој сведок на Евангелието на животот.

Ви благодарам од се срце на сите вас кој дојдовте во Рим од разни краеви на Италија и светот, посебно семејствата кои директно работат на промовирање и заштита на животот.

Ги поздравувам бројните учесници на моторциклистичкиот собир Харли Дејвидсон, како и учесниците на собирот кој се одржува во организација на Државниот полициски мото – клуб.

Да се обратиме сега до Богородица, доверувајќи го на нејзината мајчинска заштита секој човечки живот, посебно оние кои се најкревки, незаштитени и загрозени. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<