Папата Фрањо го именува дон Ранко Видовиќ за Хварски бискуп

Папата Фрањо го именува дон Ранко Видовиќ за Хварски бискуп

Папата Фрањо го иманува свештеникот на Сплитско-макарската надбискупија, дон Ранко Видовиќ, за нов Хварски бискуп – објави на 4 март 2021 година Апостолската нунциатура во Република Хрватска.

Папата Фрањо го именува свештеникот на Сплитско-макарската надбискупија, дон Ранко Видовиќ, за нов бискуп на Хвар, објави Апостолската нунциатура во Република Хрватска. Дон Ранко Видовиќ е роден на 6 мај 1961 година во Видоње. Основно училиште посетувал од 1968 до 1976 година во Млиниште кај Метковиќ; класична гимназија посетувал од 1976 до 1980 година на Надбискупската семинарија во Сплит; филозофски и теолошки студии од 1980 до 1986 година на Католичкиот богословски факултет во Сплит.

За свештеник е ракоположен во 1986 година во Сплит. Од 1986 до 1988 година бил капелан во Каштел Камбеловац; од 1988 до 2014 година бил парох на парохијата „Пресвета Богородица“ во Сплит, а од 2014 година до денес бил парох на парохијата „Богородица до островот“ во Солин. Покрај тоа, од 5 декември 1988 година е член на Надбискупската комисија за семинарија и духовни повици, а од 31 октомври 2014 година, декан на Деканатот Солин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот