Папата разговара со сите префекти на Конгрегациите

Ватикан, 30.4.2013 /к.мк/ -Папата Фрањо разговараше со сите девет префекти на Ватиканските конгрегации. Во понеделникот го прими префектот на Конгрегацијата за образование, кардинал Зенон Грохолевски. Полскиот кардинал покрај другото е одговорен за католичките универзитети и училишта во голем дел од светот.

Средбите на Папата со претседателите на дванаесетте Папски совети се уште не се планирани. Во понеделникот Папата го прими Генералниот секретар на Епископската синода, архиепископот Никола Етеровиќ, како и тројцата нови нунции, кои во саботата примија хиротонија од Државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<