Папата: Единството и верноста се камен-темелници на Бракот

Папата: Единството и верноста се камен-темелници на Бракот

Светата Тајна Брак беше во центарот на говорот на папата Фрањо до адвокатите, судиите и соработниците на Врховниот апостолски судски трибунал познат како Римска рота, по повод отворањето на судската година.

Во општеството во кое секуларизацијата напредува, верниците католици потешко можат да го сведочат стилот на живот кој е во согласност со Евангелието, па и што се однесува до светата Тајна Брак – поаѓајќи од тие мисли папата Фрањо, зборувајќи им на членовите на Римската рота кои ги прими во аудиенција на 29 јануари 2019 година, истакна дека Црквата треба еднодушно да делува за да даде соодветна духовна и пасторална поддршка.

Единство и верност

Единството и верноста се двата камен-темелници не само за теологијата и канонското брачно право, туку уште повеќе за самата суштина на Христовата Црква – рече Папата и додаде: За да бидат правни обврски на секој брачен сојуз во Христос тие две богатства на Бракот треба да бидат олицетворение на крштелната вера. За да биде валидно склопен Бракот бара во двајцата свршеници да се воспостави целосно единство и хармонија со другиот, така преку взаемната размена на нивните човечки, морални и духовни богатства – речиси како кај поврзаните садови – двајцата сопружници стануваат само едно. Бракот исто така ја бара обврската верност која го опфаќа целиот живот – предупреди Светиот Отец.

Верноста е дар

Брачниот пар кој својот Брак го живее во великодушност и во верна љубов, се скапоцена пасторална помош на Црквата – рече Папата. Сопружниците кои живеат во единство и верност добро го одржуваат образот и подобието Божјо. Ова е добрата вест; верноста е возможна затоа што таа е дар кај брачниот пар како и кај свештеникот. Ова е веста која треба да ја зајакне верната служба на епископите и свештеници исполнета со евангелска љубов.

Подготовката за Брак

Единството и верноста треба на идните сопружници да им се претстават на соодветен начин, но – предупреди Папата – потребно е и пасторалното делување на Црквата. За придружувањето на семејството во различните периоди од неговото обликување и развој, неопходна е подготовка за Бракот која мора да биде блиска и постојана.

Брачна формација

Главни носители на брачната формација се пастирите – истакна Светиот Отец и додаде дека сепак е потребно да се вклучат црковните заедници во нивните различни составни делови за тој пасторал и тоа под водство на дијацезанскиот епископ и парох. На главната одговорност на пастирите се придружува активното учество на заедниците во промовирањето на бракот и во придружбата на семејството со духовна и формативна поддршка – рече Папата.

Брачните харизми

Спомнувајќи го искуството на светиот брачен пар Акила и Прискила кои биле меѓу најверните сопатници во посланието на свети Павле, папата Фрањо упати посебен поттик: Да Го молиме Светиот Дух и денес на Црквата да и подари свештеници кои се способни да ја ценат и вреднуваат харизмата на сопружниците со цврста вера и апостолски дух како на Акила и Прискила.

Пасторална грижа

На крајот Светиот Отец потсети дека се бројни средствата за постојаната и трајна пасторална грижа на Црквата за доброто на бракот и семејството; и меѓу нив посебно го спомна слушањето на Словото Божјо, посебно преку lectio divina, потоа катехетските средби; вклучувањето во славењето на светите Тајни посебно Евхаристијата; духовните разговори и водството и учеството во семејните групи и во каритативните служби.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот