Папата во аудиенција го прими претседателот на Брегот на Слонова Коска

Папата во аудиенција го прими претседателот на Брегот на Слонова Коска

Папата Фрањо во сабота 17 септември 2022 година го прими во аудиенција во Апостолската палата претседателот на Брегот на Слонова Коска, Алесан Уатара. Меѓу темите на разговор беше и процесот на помирување во таа африканска земја и прашањето за безбедноста во регионот Сахел.

Аудиенцијата траеше дваесетина минути, во која папата Фрањо го прими претседателот на Република Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, по што имаше средба со државниот секретар на папата, кардинал Пиетро Паролин, кој беше придружуван од надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за Односи со држави и меѓународни организации.

Африка, помирување и регионална безбедност

Во соопштението на прес-службата на Светиот Престол, се наведува дека во разговорот биле истакнати добрите односи меѓу Светиот Престол и Брегот на Слонова Коска и дека соговорниците се осврнале на некои аспекти од социјалната и економската состојба во таа земја во рамките на процесот на помирување, како и на вредниот придонес на Католичката црква во областа на образованието и здравството. Дополнително, беа разменети мислења за меѓународната ситуација, со посебен осврт на земјите од Западна Африка и регионот Сахел, како и за регионалната безбедност.

Размена на подароци

На крајот од аудиенцијата, по обичај, имаше размена на подароци. Папата Фрањо му подари на претседателот неколку документи, овогодинешната Порака за мир, документ за човечко братство, книга за Statio Orbis на 27 март 2020 година, објавена од книжарницата на издавачката куќа Ватикан и керамичка плочка која покажува поглед на куполата на базилика Свети Петар. Претседателот Уатара му подари на Папата слика, која ги прикажува должностите на шефот на државата, книга за претседателството и чоколадни бонбони.

Ватикан њуз /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот