Официјална интернет страница за посетата на Папата на Чиле

Официјална интернет страница за посетата на Папата на Чиле

По повод Апотолската посета на папата Фрањо на Чиле објавена е официјална интернет страница на адресата www.franciscoenchile.cl.

Освен основните факти поврзани со посетата со детална програма и сервисни информации, интересна е рубриката „Подготовка“ која ги пренесува катехезите насловени „Запознај го Христос преку учењето на папата Фрањо.“ Овде е и снимката од официјалната химна за посетата која е насловена според геслото „Мирот свој ви го давам.“ Освен текстот на страницата можат да се најдат и акорди, како и снимки во mp3 формат на други песни создадени по тој повод. Делот наменет за медиумите, освен деталната програма, пренесува пет основни занимливости поврзани со местата кои Папата ќе ги посети.

Во рубриката „Пишете му на Папата“ верниците можат да го напишат своето сведоштво или што за нив значи посетата на Папата на Чиле. Некои од коментарите се објавуваат на страницата, а организаторите се надеваат дека од сите оставени пораки ќе можат да состават книга која ќе биде доставена до Папата.

По повод посетата и владата на Чиле изработи интернет страница на адреса www.papaenchile.gob.cl.

Новостите поврзани со посетата на папата Фрањо на Чиле, како и самата посета можете да ги следите и по пат на социјалните мрежи: Facebook: Francisco en Chile, Twitter: @ElPapaenChile, Instagram: @ElPapaenChile и Youtube: FranciscoenChile.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот