Верноста и слободата во центарот на средбата на младите

Во Вила Гругана во близина на Милано од 17 до 24 јули 2016 година се одржа седмото издание на „Седмица на светот“ (Week of the World), на која учествува и група млади од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија.

На средбата младите се ангажираа на тема „Верноста и слободата во нивните животи преку секојдневно лично искуство во животот“. Младите поделени во групи составени од од различни нации, а предводени од аниматори, преку практични вежби имаа задачи да ја изразат на нивен најдобар начин врската меѓу верноста и слободата.

Покрај богатата програма младите имаа можност и за меѓусебно запознавање и дружење. Во рамките на програмата го посетија градот Милано, како и автодромот Монца.

Покрај групата млади од Македонија, на овој камп учествуваа млади од Израел, Мексико, Јордан и Италија

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот