Молебен во Рим во чест на Македонските и Сесловенски просветители

На празникот на светите солунските браќа Кирил и Методиј, 24 мај, кои папата свети Иван Павле II ги прогласи за Созаштитници на Европа заедно со свети Бенедикт, во базиликата свети Климент Папа Римски во Рим, каде е погребан свети Кирил беше служен свечен Молебен во чест на Македонските и Сесловенски просветители.

Молебенот го предводеше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј во сослужение на митрополитот за Европа г. Пимен и свештеници од Македонската православна црква. Пееше хорот на Папската Колегија „Русикум“ од Рим. Во присуство на приорот на оците Доминикаци, кои ја опслужуваат базиликата свети Климент, од Католичката црква во Македонија присуствуваше о. д-р Зоран И. Стојанов.

Претседателот на Собранието г-динот Трајко Вељаноски ја предводеше државната делегација во која уште зедоа учество и министерката за култура, директорката за односи со верските заедници и амбасадорите на Македонија при Апостолскиот Престол и во Италија.

 к.мк/Филип Стојанов

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот