Мајска набожност во капелата на Марија од Назарет

Во сабота 28 мај 2016 Мајската набожност во парохијата Радово се одржа во капелата на Марија од Назарет, а Молебенот во чест на Пречиста Дева Марија го предводеше парохот о. д-р Зоран и. Стојанов во присуство на голем број верници.

Капелата која пред неколку години е изградена и осветена на местото каде се била првата црква кога Католиците Македонци, по насилното протерување од кукушкиот крај од грчките окупатори во 1913 година, во изминатите години беше место на повеќе заеднички и приватни молитви, денес беше по прв пат место каде се молеше Мајска набожност.

к.мк/Наталија Стојанова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот