Креативна работилница за деца во Петралинци

Креативна работилница за деца во Петралинци

На 1 април 2017 година во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци се одржа креативна работилница за деца во парохиската сала.

Децата од веронаучната група заедно со младите од парохијата од хартија ги изработија постојките на Крстниот пат, со цел да се најдат во секој дом.

Во неделата на 2 април 2017 година, по светата Литургија, децата молеа Крстен пат за деца, а потоа на сите присутни им ги поделија постојките.

Децата им порачаа на возрасните дека им ги подаруваат постојките на Крстниот пат, со цел да се потсетуваат на Христовата љубов, да ги поттикнат на молитва и на средба со Исус на неговиот Крстен пат.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот