Конзисториум за канонизација на Иван XXIII и Иван Павле II на 30 септември

Со свикувањето на конзисториумот ќе биде објавен датумот за канонизација на папата Иван XXIII (1958 – 1963) и Иван Павле II (1978 – 2005). На почетокот на летото папата Фрањо се сретна со кардинал Анџело Амато, префект за Конгрегација за прогласување на светци, и во таа прилика го даде своето службено одобрение за второто чудо кое се препишува на Ивана Павле II од беатификацијата на 1 мај 2011, што е услов прогласување за светец. Иван XXIII, познат и како „Добриот Папа“, ќе биде вброен во светци без второ чудо, одлука која ја донесува Папата и за која многу ретко се донесува. Често пати папата Иван XXIII го споредуваат со сегашниот аргентински папа, омилен поради едноставноста и кроткоста.

К.мк/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот