Кардинал Сантос Абирил и Кастељо е назначен за претседател на Кардиналската комисијата при ИОР

Членовите на Кардиналската комисија при Институтот за верска работи (ИОР), познат како „Ватиканската банка”, го назначи кардинал Сантос Абрил и Кастељо за нејзнин претседател. Во соопштението на Ватиканската прес служба се истакнува дека врз основа на статусот на Институтот , членовите на Комисијата се именуваат од Папата за период од пет години. Кардиналската комисија се свикува од претседавачот барем два пати во годината и ги разгледува извештаите за главните економски прашања, како и целокупната стратегија, претставени од претседателот на Надзорниот одбор. Комисијата исто така го надгледува почитувањето на одредбите на статутот и ги именува членовите на Надзорниот одбор.

Оваа Комисија беше назначена од Светиот Отец во јануари 2014 година, а во неа членуваат: Сантос Абрил и Кастиљо (архипрезвитер на папската базилика  Света Марија Велика), Томас Кристофер Колинс (архиепископ на Торонто), Пјетро Паролин (Ватикански државен секретар), Кристоф Шенборн (архиепископ на Виена) и Жан- Луи Тората (претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог).

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот