Зошто е потребно да се моли света Бројаница

„Бројаницата е најдрага молитва на Марија. Најсакана е помеѓу светците, најчеста меѓу народот, најпотврдена е од Господ со дивни чуда, збогатена од Марија со најголеми ветувања“ – блажен Бартол Лонго.

Свети Фрањо Салешки рекол дека најдобар начин на молитва е всушност Бројаницата.

Сестра Луција од Фатима за Бројаницата има кажано: „Блажена Дева Марија на Бројаницата ѝ подари такво делување, што не постои ниеден материјален, духовен, национален или меѓународен проблем, кој преку нејзин пат и нашата жртва не би можел да се реши“.

Папата Иван Павле II.: „Бројаницата е моја најдрага молитва. Дивна, прекрасна молитва! Дивна во својата едноставност! Дивна во својата длабочина“! Папата 2002./2003 ја прогласи за година на Бројаницата, а по повод својот 25 годишен понтификат го напиша Апостолското писмо “Rosarium Virginis Mariae”.

Свети Људевит Монтфорт напишал: „Бројаницата е најмоќно оружје за да се допре Срцето Исусово, срцето на нашиот Откупител, Кој толку ја сакаше Својата Мајка“.

„Бројаницата е камшикување на ѓаволот“ – папа Адријан VI.

„Бројаницата е збир на целото Евангелие“ – папа Павле VI.

Свети Иван Боско му рекол еднаш на еден посетител на својот Завод кој се восхитувал на редот, работата, дисциплината и веселоста на децата: „Знајте, кога јас би го отстранил од Заводот молењето на светата Бројаница, во истиот момент би исчезнале од мојот Ораториум и редот и работата и науката и веселоста, на кои вие толку се восхитувате“.

„Колку ли е само убаво семејството кое моли света бројаница секоја вечер“ – папа Иван Павле II.

Папата Пиј IX. Во еден од своите говори рекол: „Деца, помогнете ми да го победиме злото кое ја мачи Црквата и човечкото општество, меѓутоа не со меч, туку со Бројаница“. Кога ќе го прашале падре Пио од Пиетрелчине зошто толку многу моли Бројаница, ќе рекол: „Ако Богородица, било каде и да се прикажала, секогаш живо го препорачувала молењето на светата Бројаница, не ти се чини ли дека за тоа мора да постои и доволна причина“?

Превод: С.С.

Нашата Богородица има 117 наслови. Во Фатима го одбрала: „Јас сум Царица на светата Бројаница“. Го повикала целиот свет на молење на светата Бројаница. Молете Бројаница секој ден за да измолите мир во светот“.

Категорија: духовнитекстови

За авторот