За празникот на тиквите

За празникот на тиквите

Дојде време кога општеството во кое живееме возбудено се подготвува за „празникот“ на Ноќта на вештерките. Меѓутоа, на сите не им е познато што претставува, кое е неговото потекло и суштина и зошто е во спротивност со учењето на Црквата.

Празникот Halloween – Ноќта на вештерките се појавил меѓу келтските племиња во Англија, Ирска и северна Франција (Галија) во претхристијанската ера. Бидејќи биле многубошци, Келтите верувале дека животот доаѓа од смртта. Почетокот на „новата“ година и воопшто на новиот живот го прославувале во касна есен, во ноќта помеѓу 31 октомври и 1 ноември, кога започнувало студеното време, темнината и смртта. Таа ноќ го славеле паганскиот бог Самхаин, кого го почитувале како Господар на смртта.

Во пресрет на „новогодишната прослава“ друидите (келтски свештеници) ги палеле домашни камини, огнови и светилки. Следната вечер палеле огромен оган, на кој му принесувале жртви на кнезот на темнината и смртта. Друидите верувале дека ако Самхаин бил задоволен со жртвите што ги принеле неговите верници, тогаш тој ќе им дозволи на душите на починатите да ги посетат нивните домови тој ден. Оттука потекнува обичајот, вкоренет во паганскиот свет, да се шета облечени во костими на духови, вештерки и разни други привиденија во ноќта на Ноќта на вештерките – Halloween, симболизирајќи го општењето со подземјето и нечистите сили.

Важен дел од паганскиот култ е и „забавата“ Trick-or-Treat, која е ритуален чин на принесување на мрачните сили, кои му служеле на Самхаин. Се верувало дека душите на мртвите, кои владееле во светот на темнината, студот и смртта, чувствуваат ненаситна глад на денот на нивната посета на светот на живите. Затоа келтските пагани им приредувале гозба на духовите што талкаат во ноќната темнина, затоа што верувале дека ако не ги задоволат со нивните приноси, гневот на проклетството на Самхаин ќе падне врз луѓето.

Тоа е вистинското значење на тој пагански празник. Сосема е очигледно дека вистински христијанин не смее да учествува на слични „веселби“, бидејќи тоа е директно идолопоклонство, предавство на Господа, нашиот Бог и нашата Света Црква. Со учество во ритуали кој ја слават смртта, лутањето во темнината на ноќта и молење или организирање и учество во веселби и гозби, покажуваме желба да стапиме во заедништво со мртвите, чиј господар повеќе не е Самхаин, туку самиот сатана, злобниот, кој се побуни против Господа Бога.

Има и други обичаи поврзани со Ноќта на вештерките – Halloween кои не треба да ги прифаќаме. На пример, сите можни гатања, пророштва, вештерство или обичај да се стави тиква со старшен излгед и очи и издлабена уста и внатре запалена свеќа, таканаречена „Џек О’Лентерн“. Во тиквата (а во старите времиња користеле и друг зеленчук) принесувале „нов“ оган од светиот оган, а издлабениот лик на тиквата служел како лик на мртвите. Таа „света светилка“ кое гори цела ноќ е изопачување на светото кандило од зли духови, кое гори пред Ликот на Спасителот и Неговите Утешители. Дури и украсувањето на куќата со такви тикви со „среќно“ лице претставува учество на паганскиот празник на смртта.

Светите отци на ранохристијанската црква се обиделе да се спротивстават на келтската паганска традиција и на тој ден го воспоставиле христијанскиот празник на сите светци (во Источната црква, сите светци се празнуваат во првата недела по Духовден). Од празникот на сите светци настанал и зборот Halloween – односно All Hallows’ Even, што значи „ден во пресрет на сите светци“, кој со текот на времето се скратил на „Hallow E’En“. За жал, поради незнаењето на луѓето, паганскиот празник се празнува на ист ден со христијанскиот празник Сите Свети (на Запад), кој е наречен Ноќ на вештерките – Halloween, со јасна намера од секуларниот свет.

На напорите на Црквата да се спротивстави на овој пагански празник, антихристијански насторените луѓе одговориле со уште поголема активност. Многу обреди се вршени така што се осквернувале и исмејувале христијанските богослужби, облекувајќи се во скелети како исмејување на почитувањето на моштите на светите, се краделе крстови, па дури и светите дарови ги користеле за богохулни дела. Обичајот на барање храна се претворил во систематско прогонство на христијаните, кои поради своите верувања не можеле да учествуваат на празникот посветен на кнезот на темнината и смртта.

Приврзаноста на западните општества на тој пагански празник сведочат за тоа дека напорите на Црквата да се спротивстави на овој пагански празник немало успех. Но зошто тој пагански култ, кој многу очигледно се противи на христијанството и верата во Христа, исто така се вкорени и меѓу многу христијани. Причините за тоа се пред сѐ во духовната апатија и млакоста на христијаните, кои обилно се хранат со безбожтво, атеизам и отпадништво од Бога. Општество, кое нѐ убедува дека Halloween и слични такви веселби без разлика што очигледно имаат пагански корени и идолопоклиничка суштина, се безопасни, невини и дека немаат некое големо значење, со самото тоа ги поткопува нашите духовни принципи, допринесувајќи за маловерие и атеизам.

Празникот Ноќта на вештерките Halloween ги поткопува самите принципи на Светата Црква, заснована на крвта на мачениците, отфрлајќи ги и почитувајќи и служејќи им на идолите. Светата црква зазема строг став кон слични појави, бидејќи Христос Спасителот ни кажа дека Господ Бог е наш судија во сите наши постапки и верувања и дека нашите постапки можат да бидат или „ЗА БОГ“ или „ПРОТИВ БОГ“. Не постои среден „неутрален“ пат.

Денес сме сведоци на појавата на сатанистички култови. Ноќта на 1 ноември се извршуваат сатанистички „служби“  (…) Киосците се полни со печатен материјал за спиритизам, натприродни феномени, сеанси, пророштва и семоќни дејства создадени од зли духови. Сите овие дела му служат на сатаната, бидејќи не доаѓаат од Светиот Дух, туку од духот на овој свет кој плива во зло.

Мисонарски лист бр 62/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот