Во Јужен Судан свештеници отворија центар за мир

Во Јужен Судан свештеници отворија центар за мир

Центарот е дар на надеж за луѓето во Јужен Судан, а посебно за сите оние кои во тој центар ќе бидат образовани.

„Центар за мир Добар Пастир“ е името на центарот отворен на 15 октомври 2016 година во Кито во Јужен Судан земја измачена од војната. Центарот ќе биде позитивна сила за барање на мир во оваа млада земја – рече патер Даниеле Мошети претседател на здружениот монашки поглавари во Јужен Судан.

Структурата има 40 соби и хостел за млади

Управувањето на таа нова институција е доверена на еден јужносудански монах камбонијанец, еден филипински монах на свети Винко, еден Американец, монасите на Безгрешното Срце Мариино и еден исусовец од Руанда и брат доминиканец од заедницата на свети Мартин од Порес во Уганда. Институцијата има 40 двокреветни соби и хостел за млади кој може да смести 60 луѓе. Освен тоа овде е и просторот за состаноци, трепезаријата и капела.

Центарот е дар на надеж за населението во Јужен Судан

Постоењето на овој центар покажува дека и покрај сите тешкотии многу може да се направи – истакна патер Мошети. Центарот е дар на надеж за луѓето во Јужен Судан, а посебно за сите оние кои во тој центар ќе бидат образовани. Исто така тоа е знак дека Католичката црква преку својот персонал и своите институции конкретно се зазема за воспоставувањето мир, праведност и помирување – рече претседателот на здружението на монашки поглавари во Јужен Судан.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот