Уште еден чекор кон канонизација на папата Иван Павле II

Рим, 3.7.2013 /к.мк/ – Конгрегацијата за прогласување на светци го призна второто чудо на папата Иван Павле II, нов чекор кон неговата канонизација, јавува италијанската агенција Анса.

Се очекува Иван Павле II да биде канонизиран до крајот на годината, а свеченоста би можела да се одржи во декмври.

Кардиналите и бискупите членови на Конгрегацијата за прогласување на светци го прифатија второто чудо кое следи по она кое ја овозможи брзата беатификација на Папата.

Овој април лекарски колегиум составен од седум лекари на конгрегацијата и го призна необјаснивото оздравување на една жена, предложено од постулаторот на советот монсињор Славомир Одер. Чудото, кое се случило вечерта на беатификација на Иван Павле II во мај 2011, сега во јуни беше одобрено од советот на теолози.

Папата Иван Павле II почина 2005 година по 27 годишниот понтификат, еден од најдолгите во историјата.

Според пишувањето на италијанскиот весник Ла Стампа (La Stampa), папата Иван XXIII би можел да биде канонизиран истовремено со Иван Павле II. Иван XXIII уште наречен и „Добриот Папа“, беше на чело на Црквата од 1958 до 1983 година. (Превод:Е.А.)

Категорија: Ватикан, Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*