Сведоштво: Мислев дека Бог е мртов!

Мислев дека Бог е мртов. Бог е мртов во Католичката црква – тоа беше мојот цврст став од кој не се откажав така лесно. Сигурно денес моето сфаќање за Бог е далеку поразлично од она што беше, иако и денес со ништо не може да се спореди што Тој навистина е. Некако, секогаш го барав Бог, длабоко во себе знаев дека ТОЈ е личност и да е совршена љубов, и дека таа љубов еден ден ќе ја пронајдам – така еднаш и одговорив на една моја пријателка во средно училиште кога ме праша зошто не сум среќна на моите „петки“ во училиште. Таа мислеше дека тоа е единствена причина за среќа. Јас и одговорив дека не знам што барам, но знам дека тој некој е совршена љубов и дека ќе го пронајдам. Тоа беа моите први отчукувања на срцето за Бог, беа радосни и мали, а денес ми се многу драги. Мојот став дека Бог не пребива во црквата, и дека Бог ја заборавил Црквата беше поради фактот што луѓето кои влегуваа во црква, излегувајќи озборуваа, пцуеја, се однесуваа одвратно едни спрема други, младите продолжува да се опиваат по цели ноќи заедно со мене… Која е разликата меѓу мене и нив? Заклучив дека нема разлика. Значи, Бог е мртов во Католичката црква! Тоа не беше време како денес, време на големи случувања и молитвени движења преку кои Светиот Дух ја обновува својата Свршеница. Иако никогаш во Црквата не останував долго, двапати се обидував да одам на веронаука, но брзо се откажував. Најубавиот настан на кој се сеќавам кога сум била многу мала, околку шест или седум години, кога една чесна сестра ме држеше во прегратка и цврсто ме прегрна, набргу потоа тие си заминаа од нашето место, така и јас престанава да одам на црква. Иако понекогаш знаев да одам сама, знам дека уште како дете ме маѓепсуваше останувањето во црква во тишина – слушајќи. И до денес најсакана молитва ми е тишината, да го слушам Него, Свршеникот.

После тие моменти, животот продолжи понатаму со татко ми кој многу пиеше, ги малтретираше и физички и психички сите околу себе, но сепак се на се мојот татко многу ми недостига, и покрај големата љубов од мајка ми. Многу пати размислував како би било тој да е тука, ми недостига. Мојот татко загина во сообраќајна несреќа кога имав 16 години. Мојата баба, мојот пример, се разболе од рак и умираше шест години, секој ден. Со нејзината смрт се сруши мојот свет. Тоа беа многу турбулентни години за мене. Бев изгубена во сите тие рани и трауми, почнав да тонам во алкохолот, а подоцна и во марихуана. На мојот проблем со алкохолот не му се гледаше крајот, така секоја вечер бев пијана, сум пиела, дури и по 15 шток-кола на вечер. Сведочам за Божјата сила и милосрдие во мојот живот и сакам да се избавам од тие гревови кои ги направив во тој период. Што се однесува до блудноста, и на тоа му немаше крај, секоја вечер мораше да биде различно момче, најодвратниот период од мојот живот. Девојки, жени, не давајте ја вашата чистота, таа е она највредното што го имате! Веќе не пијам десет години и живеам во потполна чистота од 2004 година, значи од мојата прва средба со Господ. Тој ме прави совршено исполнета. Две години пред моето преобраќање, едно утро размислувам за мојот живот и заклучив дека ако така продолжам, ќе упропастам се како мојот татко кој загуби се заради алкохолот; животот, семејството, се… Не сакав така да завршам и одлучив дека повеќе нема да допрам алкохол. Тоа беше во 2002 година. Како што ја донесов одлуката така и се случи, тоа беше мојот прв чекор на приближување кон Бог, иако тогаш тоа не го знаев. На празникот Вознесение во 2004 година во срцето добив голема желба да одам во црква на Литургија. Не знаев ниту да се прекрстам, ниту што е Литургија, ниту кој празник е на тој ден. Тоа беше мојата прва средба со Господ, а не ни знаев дека Тој постои. Тоа беше се некако слично како и кај свети Павле. „Кој си ти Господи?“

Се облекувам и одам на Литургија, застанувам некаде на средина, што другите изговараат и јас изговарам, „знаковите“ кои тие ги правеа ги правев и јас… Кога одеднаш ја подигнав главата кон статуата на Пресвето Срце Исусово и погледот ми падна на Срцето Исусово прободено со трње. До ден денес после девет години се сеќавам на таа средба и ми потекуваат солзи. Со кои зборови да ви опишам, што се случи? Тоа е исклучително тешко, бидејќи сите зборови се премногу „сиромашни“ за да го искажат изобилството на Божјата љубов во тој момент. Кога погледот ми падна на Исусовото Срце, тоа беше живо, гореше, трпеше, бидејќи беше прободено со трње, од Него излегуваше неизгаслив оган. И тој оган ме обзеде, и гореше во моето тело, во истиот момент се почуствував дека се наоѓам во самиот центар на Неговото Срце, и да го држам во раката… Секако, многу плачев… После некое време почнав да ја свртувам својата глава од Срцето Исусово, бидејќи видов дека луѓето ме гледат, и одеднаш почуствував дланка на моето лице која ми ја сврте мојата глава за да гледам кон тоа Срце. Откако излегов од црквата, ми беше полесно, така се чуствував, и целата наука на Црквата, сите заповеди, ама баш се ми беше совршено јасно, не си ја „мачев“ главата ни со неделата, ниту со десете Божји заповеди, со ништо… Срцето Исусово веќе се ми објасни. Сигурно дека таа средба ми беше нешто што никогаш нема да го заборавам, па се прашував, што сака од мене таа нова личност во мојот живот? Одлучив да ја прашам. „Што сакаш да ми кажеш, мој Господи?“ реков. Тој ми одговори: „Жеден сум“. Ништо повеќе „Жеден сум“…хм. Пак размислував за тоа два дена и одлучив да соберам храброст, бидејќи за што би бил жеден Бог кога се има, па се е Негово, чуствував дека тоа е Божјо барање, бидејќи кога Бог зборува, Неговите одговори се кратки, конкретни и имаат во себе барање да бидат спроведени во дело. Пак дојдов пред Срцето Исусово за да Го прашам: „Добро, мој Господи, за што си Ти жеден?“ Тој ми одговори: Жеден сум за твојата љубов.“ Ништо повеќе, само тоа, немаше никакви објаснувања, само тоа, дозволи Господи да дојдам до Тебе, после тој одговор… бидејќи која сум јас за да сака ме толку многу Бог?

После тие денови, поминаа две години од мојот живот со Црквата, одам секој ден на света Бројаница и Литургија, не ја познавам Богородица, НО ЗНАМ ДЕКА НЕЈЗЕ И ДОЛЖАМ СЕ … Под нејзина заштита сум, подоцна тоа со моето чудно оздравување ќе го доживеам уште посилно. Во меѓувреме примив Света Причест, Миропомазание, одам на молитвено бдение, учествувам во работата засега на почеток на нова евангелизација во нашата татковина, денес тоа се „Работници на Милосрдниот Исус“ кои усрдно и со сето свое срце го навестуваат Бог, и покрај одвоеноста сите имаат посебно место во моето срце.

Кратко по примањето на светото Миропомазание, тешко се разболев. Во рок од пет дена паднав во количка, станав инвалид врзана за креветот, и таа болест траеше долги шест години до моментот кога чудесно оздравев. Како да го опишам тоа што се случуваше во тие моменти? Имав три операции на ‘рбетот, пиев по 20 лекови дневно, имав тешка алергија од која телото ми беше со плускавици, имав тешки епилептични напади од кои телото ми се тресеше и по неколку часа, како последица ми се појави и непамтење, не можев да изговорам поврзани реченици, дури не можев ни да се потпишам од грчеви во мускулите, мускулите потполно ми атрофираа, имав болки од кој секој би полудел, телото почна да ја отфрла храната и јас се подготвував за смрт, се подготвував да одам кај мојот Бог. Како сите овие години живеев со Бог? Лудо го љубев и во болеста… Лудо, заљубено, и подготвена да трпам било што само за да останам со Него. Не молев за оздравување, иако многу молеа за мене, од свештеници до лаици, епископот, архиепископот, бабите во црквата, мајка ми и браќата и сестрите во молитвената заедница. Јас не, мислев дека тоа е губење време, по со задоволство размислував за Него, го држев крстот во рацете, и зборував FIAT по Твоите зборови до крај, како што Ти сакаш, само да останам со Тебе…

Во предвечерието на сабота, пред моето оздравување, трпев тешки болки, ми се одземаше левата страна, бев во очај, иако со голема сила во духот, таа сила никогаш не ме напушти. Бидејќи ако Бог те стави некаде Тој и ќе те извече од тоа… Ги дава потребните милости за да се исполни Неговата волја. Низ времето мојата болест ја живеев интензивно со Божјите зборови, молејќи часослов, бројаница на Божанското милосрдие и препорачувајќи се на Дева Марија кога и да се отргнам од Господ Таа да ме врати… Каква милост е да се бидее дете на Богородица!

Мојата пријателка и кума тој ден беше во Честохова најголемото Богородично светилиште во Полска и таа ме стави под нејзин застапништво. Јас сум цел живот под нејзино застапништво… Тој ден 18 февруари 2012 почуствував дека треба да застанам на нозе. Кога тоа го направив почуствував како Божјата сила ме исполнува, болеста го напушта моето тело и полека се спушта долж рбетот… Но веднаш не бев свесна што се случува, знам дека сакав да вежбам, и така ја подигнав едната нога, па другата и тргнувам и тогаш… Се враќам и сфаќам дека можам да ја кренам мојата нога, ги движам, „живи се“… го враќам филмот и сфаќам што се случи, јас оздравев! Но, што сега? Одеднаш почуствував оган кој го исполни моето тело, и голема желба за да проодам, многу многу голема… И така со мајка ми излеговме надвор без помагалата… Неколку секунди пред тоа имав потполна атрофија на мускулите, не зборував, а сега одам, зборувам и имам неверојатна сила во себе. Кога излегов надвор зедов со себе и стап од навика, но одеднаш стапот се скрши на две, сам од себе, и ми остана рачката во раката и велам: „Господи, тој стап чинеше 100 куни?!“ Господ Исус има голема смисла за хумор… „Кога јас правам чудо не сакам да имаш ни стап, сакам да одиш, потполно сама…“ Ни малку не бев свесна што навистина се случи. Тој ден одев околу 5 часа, што е медицински невозможно. Не го потврдив своето оздравување медицински, беше очигледно. Каква потврда ми треба и за кој? Јас знам во моето срце дека тоа е Божјо дело! Но Господ се погрижи и за тоа… така ова година во бањата во Вараждин напишале“… на 18 февруари 2012 година доживеа ЧУДНО ОЗДРАВУВАЊЕ…“ Па, еве, за оние кои го бараат тоа, нека им биде! Треба да нагласам, и тоа сакам да го кажам- бидејќи ме прашуваат – не, не сум била во никаков занес, ништо не молев, мојата молитва беше предавање на Него, од секогаш сум го сакала само Него. Денес сме овде, утре не сме, денес една болест, утре друга… а Бог останува вечен и кон Него треба да тежнееме. Моето оздравување е голема Божја милост и заслугата не сакам на никој да ја препишам освен на Него, бидејќи славата припаѓа исклучиво на Бог!

Денес не пијам никакви лекови за епилепсија, немам напади, потполно мирно живеам, заљубена во Бог повеќе од било кога. Моето срце му припаѓа Нему и на Католичката Црква во потполност! Не знам како да ја изразам колкава е мојата љубов кон Црквата, „горам“ целата за неа, а бев непријател на Католичката Црква, навистина голем непријател, тоа е е големо зло. Денес има уште поголеми непријатели, тоа што го препорачувам е – Бог е лудо заљубен во Црквата, и не може да се верува во Исус без Црквата, Исусовото Срце потполно гори за Неговата Црква. Тоа не е нешто што го „научив на веронаука“ или од некои кои ми го „испрале мозокот“… Јас го сретнав Господ и Тој тоа ми го рече, и спознав дека Тој Себе се поистоветува со Црквата. Ја љубам со сето свое срце!

Со тоа што толку ја љубам Црквата и секој Божји збор кој вели дека бракот и семејството е заедница меѓу маж и жена, само тоа. Така заради тоа мојата средба со Господ, кој го промени мојот живот, заради мојот внук кој има една година, и на кој сакам да му оставам во наследство нешто навистина вредно, се борам за граѓанската иницијатива „Во име на семејството“, и сум една од трите кординатори, кои сето тоа го организираат во зборови. Горда сум на се што работиме и ја гледам секој ден Божја сила во се што правиме!

Слава на Бога во висините.

Керин Емануела Шафариќ

Преземено од Битно нет/Превод Д.И.

Категорија: Сведоштва

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*