Папата Фрањо упати порака по повод конференцијата за културното и духовното наследство на светите браќа Кирил и Методиј

Братислава, 10.5.2013 / к.мк/ – „Историската студија за делото на светите браќа Кирил и Методиј може да помогне за поголема мисионерска ревност, напредокот на патот кон целосното единство меѓу сите христијани и повторно откривање на културните и духовни корени на европскиот континент”. Ова го пишува папата Фрањо во пораката до учесниците на Меѓународната научна конференција „Светите браќа Кирил и Методиј и нивното културно и духовно наследство: мост меѓу Исток и Запад”, која се одржува на 9 и 10 мај во универзитетот “Комениус” во Братислава.

Поводот е 1150-годишнината од Великоморавската мисија на Кирил и Методиј, а на конференцијата учествуваа историчари и експерти од 9 земји. Научната конференција е организирана од Папскиот Комитет за историски науки, Московската патријаршија, Руската академија на науките и теолошкиот факултет од универзитетот „Комениус” во Братислава. „Целта на конференцијата е преку дијалог да се запознаат и идентификуваат заедничките пристапи кон различни историски прашања од взаемен интерес од антички времиња до денес и идните перспективи, со историски извори од ватиканските, руски и други архиви”, објасни Емилија Храбовец од Папскиот комитет за историски науки. „Овој научен дијалог би можел да се нарече „историско патување низ екуменизмот”, бидејќи започна во 60-тите години на минатиот век и се развива преку различни научни иницијативи”, додаде Храбовец. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*