Папата упати Твитер порака до младите: Поставете си големи цели

Ватикан, 28.5.2013 /к.мк/ – На својот твитер профил @pontifex папата Фрањо на 28 мај објави нова порака, посветувајќи ја на младите: „Драги млади, Црквата очекува многу од вас и вашата великодушност. Не стравувајте и поставете си големи цели.“

Твитер профилот на папата Фрањо е на девет јазици и неговите корисници надминуваат веќе 6,5 милиони: 2.527.800 англиски јазик, 2.412.000 шпански јазик, 754.000 италијански јазик, 338.100 португалски јазик, 104.000 француски јазик, 106.600 германски јазик, 102.300 латински јазик, 88.600 полски јазик и 61.100 арапски јазик. (го*ко)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<