Папата упати видео порака по повод беатификацијата на 522 шпански маченици

Да го славиме Господ поради тие негови храбри сведоци и да го молиме, преку нивното застапништво, светот да го ослободи од секое насилство – со овие зборови во попладневниот говор во недела 13 октомври Папата потсети на 522 маченици од Шпанија, кои на денешниот ден во шпанскиот град Тарагона се прогласени за блажени. Свеченоста е предводена од кардинал Анџело Амато. Светиот Отец на учесниците им се обрати преку видео порака, а на присутните овие маченици им ги даде како пример за наследување, како би испаднале од себе и би се отвориле за Бог.

Кој се мачениците? Тоа се христијани кои ги освои Христос, ученици кои добро ја научиле смислата на љубовта и тоа до крајни граници, љубов која го доведе Христос до Крстот – истакна папата Фрањо и ликот на мачениците ги прикажа во светло на наследување на Христовата љубов и тоа до крај. Имено, на Крстот Исус ја почувствува тежината на смртта и гревот, но потополно се надеваше на Отецот, и прости, го дарува животот, покажувајќи дека не постои љубов на рати, на делови, туку само потполна љубов; бидејќи кога се љуби, се љуби до крај.

Светите Оци велат: „Да ги наследуваме мачениците!“ Секогаш треба малку да умреме за да излеземе од своето самољубие – рече Папата и поттикна на молитва за застапништво на мачениците за да бидеме конкретни, а не просечни христијани, христијани на дело, а не на зборови и тоа по примерот на оние кои биле христијани сѐ до крај. Само така ќе бидеме квасец на надежта и творци на братство и солидарност – истакна во пораката Светиот Отец.

го*ко