Како Богородица да го примaме и чуваме Словото Божјо

Ватикан, 9.6.2013 /к.мк/ – Како Марија да научиме да ги примaме и да го чуваме Словото Божјо – истакна Папата Фрањо во проповедта во сабота 8 јуни за време на светата Литургија на празникот Безгрешно Срце на Марија. Папата истакна дека Марија преку Словото Божјо го чита живот, а тоа всушност значи да го чуваш Словото Божјо. На Литургијата во домот Света Марта беа присутни голем број на соработници од Меѓународниот каритас.

Папата Фрањо во проповедта зборуваше за воодушевување и чување, поттикнат од Евангелието каде се вели како книжниците се чуделе додека го слушале како Исус им зборува на книжниците во храмот, додека Марија го чувала Словото Божјо во своето срце. Воодушевување – забележа Папата – е повеќе од радост, тоа е момент кога Словото Божјо доаѓа, кога се сее во срцето. Но – како што се вели- од воодушевување не може да се живее, туку со чувањето се внесува во живот. А всушност тоа го направила Марија, за која се вели дека се восхитувала и го чувала Словото Божјо – рече Светиот Отец.

Што значи да го чуваш Словото Божјо? Најнапред го примам Словото Божјо, па земам едно шише го ставам внатре и така го чувам, можеби тоа значи? Не. Да го чуваш Словото Божјо значи нашето срце да се отвори, да се отвори за Словото Божјо, како што земјата се отвора за семето. Словото Божјо е семе, кое се сее. А Исус ни рче што се случува со семето: некои зрна паднаа на патот, дојдоа птици и го исколваа. Тие зборови не се чувани, срцето не знаело да ги прифати – рече Папата Фрањо.

Други пак зрна паднаа на каменито место и умреа. Исус вели дека таквите не знаат да го чуват Словото Божјо, бидејќи не се постојани. Кога доаѓаат маки тие забораваат се. Зборот Божјо – додаде – падна на неподготвена земја, необработена, полна со трња. А што се трњата? Исус зборува за приврзаност за богатство, за недостатоците. Според тоа да го чуваш Словото Божјо значи да се прашаш: „што ми кажува за животот Словото Божјо. Така правела Марија, размислувала споредувајќи. Тоа е голема духовна работа – рече Светиот Отец.

Папата Иван Павле II зборуваше дека Марија во таа работа чуствувала голем напор во срцето: имала уморно срце. Не станува збор за неспокојство, туку за стрес, тоа е напорно. Со таква работа се чува Словото Божјо: со СТРЕС и во одреден момент да се сфати значењето, што Бог во овој момент сака да ми каже, како одредена околност го покажува Словото Божјо, тоа значи да го чуваш Словото Божјо – објасни Папата, додавајќи:

Споменот исто така е чување на Словото Божјо. Споменот ни помага да го чуваме, да се потсетиме за се што Бог направи во мојот живот, не потсетува на чудни дела на спасение на Божјиот народ. Споменот го чува Словото Божјо. Папата ја заврши проповедта повикувајќи сите да размислат како го чуваат Словото Божјо; како го чуваме тој восхит, а да не ни го исколваат птичите, или да ни го загушат недостатоците.

Ќе ни користи ако се запрашаме: За се што ни се случува во животот, се прашуваме ли: што Господ ми зборува во овој момент? Тоа значи да се чува Словото Божјо, бидејќи Словото е Божја порака, која Тој ни ја праќа во секој момент. Да го чуваме во нашата памет, да го чуваме со надеж. Да молиме од Господ благодат за да го примаме Словото Божјо и да го чуваме, исто така и за благодат нашето срце да се замори чувајќи го Словото Божјо. Амин. (Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<