„Предраги Исусе! Насокоро доаѓаш на земјата. Јас за подарок сакам литургикон, зелена одежда и Исусовото Срце. Секогаш ќе бидам добро дете. Поздрав! Јозеф Рацингер“ – напишал папата Бенедикт XVI кога имал седум години, а писмото е пронајдено во неговиот дом во Пајтнер во Германија за време на реновирање.
Браќата Георг и Јозеф и нивната сестра Марија во 1934 година напишале писмо до Детето Исус и Го замолиме за подароци за Божиќ. Георг кој тогаш имал десет години посакал музичка партитура и бела одежда, додека Марија која имала тринаесет години посакала сликовница. Јозеф со своите седум години го замолил Исус за литургикон, зелена одежда и Исусовото Срце. Бидејќи во тоа време хартијата била скапа, а семејството Рацингер живеело скромно, децата ги напишале желбите во заедничко писмо.
Самите желби одговараат на тоа време во Германија затоа што и светата Литургија била дел од детската игра, па така било и во семејството Рацингер. „Ние заедно правевме пештера, а меѓу игрите беше и „играта татко“ во која си игравме Јозеф и јас додека сестра ми не учествуваше во таа игра. Ние двајцата заедно служевме света Литургија и дури имавме и одежди кои ни ги направи шивачката на нашата мајка“, се присетува монс. Георг Рацингер во интервјуто со Мајкл Хесеман кое го објави во книгата „Мојот брат Папа.“
лаудато/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк