Светиот Престол го усвојува гласот на човештвото да се ослободи од стравот од нуклеарна војна – истакна надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач во Светиот Престол при Обединетите нации, говорејќи на 71 Генерално собрание на Обединетите нации, на кое се расправа за атомското разоружување.
Мирот и меѓународна стабилност не може да се гарантираат „со рамнотежа на теророт“ – рече надбискупот Ауза.
Нуклеарното оружје создава „лажно чувство на сигурност“, а „трагична е илузијата“ мир ветен со атомско заплашување – рече надбискупот, кој во Стаклената палата истакнал дека е „морално погрешно“ да се поседува такво оружје, навреда „за сите институции на Обединетите нации“.
Потсетувајќи на пораката од папата Фрањо за Конференцијата за хуманитарниот одраз на нуклеарното оружје, одржана во Виена 2014 година, постојаниот набљудувач на Светиот Престол повторно го потврдува уверувањето на папата Фрањо дека желбата за мир и братство ќе донесат конкретни плодови „за нашиот заеднички дом“ ако еднаш засекогаш се забрани нуклеарното оружје.
Нуклеарното оружје не може да создаде стабилен и сигурен свет. Не може со закани за уништување и одржување на „рамнотежа на ужасот“ да се гарантира мир и стабилност. Папата пред две години објасни дека мирот треба да се гради на правда, на општествено – економски развој, на слободата, на почитувањето на основните човекови права, на учествувањето на сите во јавниот живот и на градењето на довербата меѓу народите – кажа надбискупот Бернардито.
Светиот Престол повторно ја потврдува својата поддршка на меѓународниот договор за непроширување на нуклеарното оружје, бидејќи е „клучен“ за меѓународна хармонија, сметајќи уште од сега за општ неуспех ако „се оди напред“ со програмата за разоружување, па така повикува 2017 година за организирање Конференција за да се усвои „обврзувачки правен“ инструмент за конечна забрана на такво наоружување.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк