Струмица: Епископот Стојанов служеше Литургија по повод Светскиот ден на болните

Струмица: Епископот Стојанов служеше Литургија по повод Светскиот ден на болните

Во недела 11 февруари 2018 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица по повод 26. Светскиот ден на болни. На Литургијата сослужуваа свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија во присуство на бројни верници, болни и медицински лица.

Во проповедта владиката Стојанов зборуваше за почетоците на Светскиот ден на болни, за смислата на страданието осврнувајќи се на енцикликата на свети папа Иван Павле II „Спасоносно страдание“, како и за тоа дека денес живееме во една нова цивилизација која е наречена со вистнско име: Цивилизација на смртта (…) во која човекот стана само бројка – дури не и име – и се вреднува само според тоа колку е продуктивен, корисен.

На крајот од својата проповед монс. Стојанов се обрати до медициснкиот персонал, ветувајќи им дека молитвено ќе ги придружува во нивната работа, истовремено охрабрувајќи ги при што истакна: Стручноста е неминовна, а љубовта неопходна. Тогаш да ја градиме цивилизацијата на љубовта и надежта и да бидеме сигурни дека Бог е со нас и во нас.

Светата Литургија заврши со процесија околу црквата со статуата на Мајка Божја Лурдск, како и молитва со благословот за болните.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот