Човечката молитва е Божја слабост

Човечката молитва е Божја слабост – рече папата Фрањо на светата Литургија на 16 ноември во домот Света Марта, на која беа преставени канониците на капитолот на бaзиликата Свети Петар. Меѓу нив беше и кардинал Анџело Комастри.

Во проповедта Папата се осврна на делот од денешното Евангелие, во кое Исус повикува на молитва секогаш и постојано, и говореше за параболата за вдвицата кој упорно го моли судијата да ја одбрани од тужителот. Така Бог ќе дава и ќе даде праведност на своите избраници, кои го повикуваат дење и ноќе, како што се случи со Израелот, кој што Мојсеј го изведе од Египет– истакна Папата.

Повикувајќи го Мојсеј му рече: „Го слушнав викот на мојот народ“ – рече Папата и напомена – Господ слуша. А во првото читање слушнавме што Господ направил, она семоќно Слово: Од небото слезе Твоето Слово (…)како страшен воин. Кога Господ застанува во одбрана на својот народ, тој е таков: страшен воин кој го спасува својот народ. Спасува, сѐ обновува – истакна Светиот Отец и ги цитира зборовите од читањето:

Господ ја слушна молитвата на својот народ, бидејќи во своето срце чувствува дека неговите избраници трпат, и на жесток начин ги спаси. Тоа е Божја сила – истакна Папата и праша: А која е човечка сила? Што е силата на човекот? Тоа е силата на вдовицата од Евангелието: да чукаш на Божјото срце; да чукаш, да бараш, да воздивнуваш сѐ поради бројните проблеми, бројните болки и да бараш од Господ ослободување од тие болки, од тие гревови, од тие проблеми. Човеката сила е молитвата, а молитвата на понизен човек е Божја слабост. Бог само таму е слаб: слаб е пред молитвата на својот народ – истакна Светиот Отец.

Напоменувајќи дека врв на Божјата сила, Божјото спасение е овоплотувањето на Словото, папата Фрањо се обрати на канониците на базиликата Свети Петар, и потсети дека нивна задача всушност е да чукаат на Божјото срце, да молат, да го молат Господ за Божјот народ. А каноници во Свети Петар, во базиликата која е најблиску до Папата и во која стигнуваат сите молитви од светот, ги собираат тие молитви и му ги принесуваат на Господ: тоа е општа служба, служба на Црквата.

Вие сте како вдовицата: -додаде – молете, барате, чукате на Божјото срце секој ден. И вдовицата додека тоа го правела, никогаш не заспала, била храбра. А Господ ја слуша молитвата на својот народ – повтори папата Фрањо и додаде – Вие сте привилигирани претставници на Божјот народ во таа улога во која се наоѓате да го молите Господ за бројните потреби на Црквата, човештвото, целиот човечки род. Ви благодариме за тоа. Да мислиме секогаш на тоа дека Бог има сила, кога Тој сака сѐ да се промени. Сето создадено ја менува својата природа, рече Светиот Отец. Тој е способен сѐ повторно да обликува, но има и една слабост: тоа е нашата молитва; вашата општа молитва која е блиску до Папата, во Свети Петар. Ви благодарам за тоа и така одете напред за доброто на Црквата – рече на крајот Папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот