Црквата треба великодушно да управува со добрата
Заедницата родена во Светиот Дух бара хармонија, а трпеливо поднесува страдање – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 14 април во капелата на домот Света Марта.
Заедницата родена во Светиот Дух бара хармонија, а трпеливо поднесува страдање – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 14 април во капелата на домот Света Марта. Папата предупреди дека христијаните не треба да ги акумулираат добрата, туку да ги стават во служба на другите, како што правела првата христијанска заедница.
Кои плодови Светиот Дух ги донесува во една заедница – запраша Папата коментирајќи го читањето од Делата Апостолски во кое се зборува за животот на првата христијанска заедница. Папата истакна две карактеристики на „повторно раѓање во една заедница“: хармонија и општо добро. Новородената заедница односно оние кои се родени преку Светиот Дух се карактеризираат со милоста на хармонија, а хармонијата доаѓа од Светиот Дух, бидејќи Тој е хармонијата помеѓу Отецот и Синот, е дар од кој произлегува хармонијата – рече Папата, а потоа се осврна на втората карактеристика, општото добро.
Во првата христијанска заедница немало сиромашни, никој не го сметал за свое она што го поседувал, туку заедничко. Некои биле богати, но во служба на заедницата. Тоа се двете карактеристики на заедницата која живее во Духот – истакна Папата.
Осврнувајќи се на дарот на трпеливоста, Папата потсети дека и првата христијанска заедница имала проблеми, на пример со доаѓањето на Ананиј и Сапфира кои се обиделе да ја лажат заедницата. Тие се заштитници на добротворите кои се приближуваат на Црквата; влегуваат за наводно да и помогнат, а всушност сакаат да се збогатат на сметка на Црквата. Проблеми доаѓале и однадвор – рече Папата.
Исус во последното блаженство од Матеј ги навестил прогонствата: Блажени сте вие кога ќе ве срамат и прогонуваат заради Мене… Радувајте се… Исус ги најавил прогонствата, ветил мир и благосостојба: Со прогоните ќе имате сто пати повеќе. Во првата заедница, родена преку Светиот Дух постои сиромаштво, општо добро но и проблеми внатрешни и надворешни – истакна Папата повторувајќи:
Внатрешни се: Ананиј и Сапфира, а надворешни: прогонствата. Петар вели дека заедницата не треба да се чуди заради прогонствата, бидејќи „во огнот се вкусува златото.“ Заедницата родена преку Светиот Дух се прочистува во тешкотиите, во прогонствата. Постои и трета карактеристика на раѓањето преку Духот, а тоа е трпеливо поднесување на проблемите, тешкотиите, проколнувањата, озборувањата, болестите и жалостите заради губењето на сакана личност – истакна Светиот Отец, додавајќи:
Христијанската заедница своето раѓање во Светиот Дух го сведочи кога бара хармонија, а не внатрешен раздор; кога бара сиромаштво, а не акумулирање на добра за себе, бидејќи добрата се за служба; кога не се лути пред тешкотиите, кога моли за милоста на хармонија односно хармонично единство бидејќи хармонијата е нешто повеќе од единството, хармонијата е дар на Светиот Дух; кога моли за милоста на сиромаштво, а не беда. Што значи дека нејзините добра треба да бидат во служба на општото добро и кога моли за милоста на трпеливост. Нека Господ ни го просветли паметот за да сфатиме дека секој во крштението ја примил милоста на повторно раѓање во Духот и во нашите заедници – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.