Папата Фрањо го прими во аудиенција кардинал Анџело Беку префект на Конгрегацијата за програсување на светци и го овласти да ги објави Декретите за две канонизации и една беатификација. Освен тоа за време на аудиенцијата беа признати херојските добродетели на петмина нови слуги Божји.
Декретите се однесуваат на:
-Чудото кое се препишува на застапништвото на блажена Џузепина Ванини (со световното име Џудита Аделаида Агата) основателка на Ќерките на свети Камило; родена во Рим на 7 јули 1859 година, почина во истиот град на 23 февруари 1911 година.
-Чудото кое се препишува на застапништвото на блажена Дулсе Лопес Понтес (со световно име Марија Рита) од Конгрегацијата на сестрите мисионерки на Непорочното зачнување на Дева Марија; родена во Сао Салвадор де Баија (Бразилија) на 26 мај 1914 година и почина во родниот град на 22 мај 1992 година.
-Чудото кое се препишува на застапништвото на слугинката Божја Лучија на Непорочната Дева Марија (со световно име Марија Рипамонти) монахиња од институтот на Сестрите на милосрдието; родена во Акуате (Италија) на 26 мај 1909 година, починала во Бреша (Италија) на 4 јули 1954 година;
-Херојските добродетели на слугата Божји Џовани Батиста Пинарди титуларен епископ на Еудосиаде и помошен епископ на Торино; роден во Кастаноле Пиемонте (Италија) на 15 август 1880 година а починува во истиот град на 22 март 1962 година.
-Херојските добродетели на слугата Божји Карло Салерно свештеник од Институтот за странски мисии во Париз; основател на Институтот на сестрите на Искупувањето; роден во Милано (Италија) на 22 март 1827 година, а починува во истиот град на 29 септември 1870 година.
-Херојските добродетели на слугата Божји Доменико Лазаро Кастро свештеник од Општеството на Дева Марија; роден во Сан Адриан де Хуарос (Шпанија) на 10 мај 1877 година, а починува на 22 февруари 1935 година во Мадрид;
-Херојските добродетели на слугата Божји Салваторе да Каска (со световно име Ерминио Пинцета) богопосветен од редот на Малите браќа капуцини; роден во Каска (Бразилија) на 27 јули 1911 година а починува во Флорес Де Кунија (Бразилија) на 31 мај 1972 година.
-Херојските добродетели на слугинката Божја Марија Еуфразија Јаконис (со световно име Марија Џузепина Амалија Софија) основателка на Конгрегацијата на Ќерките на Непорочното зачнување; родена во Касино ди Калабрија денешно Кастелсилано (Италија) на 18 ноември 1867 година а починува во Буенос Аирес (Аргентина) на 2 август 1916 година.
Ватикан њуз/к.мк