Црквата во Јужна Кореја во бројки
Во пресрет на апостолското патување на папата Фрањо во Јужна Кореја од 13-18 август 2014 година, Канцеларијата за печат при Светата Столица објави податоци за Католичката црква, заклучно со месец декември 2013 година. Од околу 50 милиони жители во Јужна Кореја, околу 10 % од населението се католици, кои се организирани во 16 бискупии, 1673 парохии и 843 пасторални центри. За верниците се грижат 35 епископи, 4261 свештеник, 516 монаси, 9016 монахињи, 123 мисионери лаици и 14195 вероучители. Има 395 семенаристи и 1489 богослови. Католичката црква во Јужна Кореја раководи со 328 образовни центри, во кои има 221.020 ученици и 49 посебни центри. Црквата исто така има 40 болници, 4 клиники, 9 лекувалишта за лепра, 513 дома за стари и немоќни лица, 277 сиропиталишта, како и 83 советувалишта за семејства и за заштита на неродените.
РВ/го*ко