Црквата во Уругвај бара анализа за последиците од легализацијата на истополовите бракови
Монтевидео, 11.4.2013 /к.мк/ – По прифаќањето, во Сенатот на нацрт законот во корист на така наречениот „егалитарен брак“, Уругвај би можело да стане втората Јужноамериканска држава, покрај Аргентина, што ја озаконува заедницата на лица од ист пол. Движења кои се против оваа реформа, собрани под насловот „Национална платформа за заштита и промоција на семејството“, во понеделникот одржа голем собир на главниот плоштад во Монтевидео, против очигледниот удар кој државата сака да го зададе на штета на брачните институции, и на штета на најслабите, на децата. Здружените движења истакнуваат дека дозволувањето на истополовите парови да посвојуваат малолетници, и тоа некогаш под привилигирани услови во однос на традиционалните парови, е дел од постепеното уништување на културата која го почитува правото на живот, која го дозволи абортусот, која не ја признава вредноста на воспитување од страна на родителите и која се покажува рамнодушна пред тешкотиите на сиромашните и многудетни семејства. Од самото претставување на нацрт законот во Парламентот, Црквата се изјасни против. Тоа е тежок удар за бракот и семејството – рече епископот Пабло Галимберти, кој во име на месните епископи предложи анализа за значењето и последиците од легализацијата на истооловите бракови. Со желба бракот да го наречат заедница на лица од ист пол, наместо користење со други изрази, се гледа подмолната желба за рушење на структурите кои се вкоренети во нашите општества – истакна епископот.