Христијанскиот свет шокиран од навредите при отворањето на Олимписките игри во Париз

Христијанскиот свет шокиран од навредите при отворањето на Олимписките игри во Париз

Христијаните се шокирани од навредата на христијанството на отворањето на Олимписките игри во Париз – Остра критика од американските бискупи, еврејскиот свет и политиката, критика упати и Француската бискупска конференција!

Многу христијани со ужас реагираат на вчерашното отворање на Олимписките игри во Париз. На церемонијата на отворање, Тајната вечера беше прикажана како Woke LGBTQ-трансродова забава, со што очигледно го исмева христијанството. Познатиот американски бискуп Роберт Барон остро ја критикуваше навредата во видео обраќање и праша: „Дали тие некогаш би се осмелиле да го исмеваат исламот на сличен начин?“ Критика упати и извршниот директор на Тесла и X, Илон Маск: „Ова е крајно непочитување на  христијаните“.

Критики пристигнуваат и од еврејскиот свет. Ели Давид познат Евреин инфлуенсер на платоформата Х вели: Како Евреин, лут сум поради оваа срамотна навреда на Исус и христијанството… Како би се чувствувале како христијани?

Американскиот сенатор Тим Скот едноставно рече: „Одвратно“

Рејмонд Аројо, познат американски католички новинар, на Х напиша: „Церемонијата на отворање на Олимпијадата можеби можеше да биде малку поинклузивна без призвуци на светогрдие. Која е следна религозна личност за исмејување? Зарем Олимпијадата не е создадена за промовирање на глобално единство? Како навредувањето на најголемата религија во светот ќе придонесе за оваа цел?“

А католичката медиумска веб-страница Вишеград 24, со 1 милион Х следбеници, прашува =: „Зошто LGBTQ заедницата, која се залага за љубов, мир и толеранција, инсистира да ги навредува христијаните?

Јосиф Корделеоне, надбискуп од Сан Франциско напишта: Секуларниот фундаментализам сега се инфилтрира на Олимпијадата, дури и до тој степен што хули на религија од преку милијарда луѓе. Дали би го направиле тоа со која било друга религија? Ги молам сите наши луѓе да се молат за обнова на добрата волја и почит.

Француските бискупи напуишаа: „Мислиме на сите христијани на сите континенти кои се повредени од ексцесноста и провокацијата на одредени сцени. Сакаме да сфатат дека олимписката прослава се протега многу подалеку од идеолошките предрасуди на неколку уметници“, стои во објавата на Француската бискупска конференција.

Катнет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот