Христијанинот не е поштеден од идолопоклонството и лицемерието
Христијанинот не е поштеден од идолопоклонството и лицемерието. Папата Фрањо на светата Литургија на 15 октомври во домот Света Марта, предупреди на тие мани.
За да не паднеме во замката на тие гревови – напомена Папата – потребно е да ги примениме заповедите на љубовта кон Бог и ближниот.
Да станеш апостол на сопствените идеи, или обожавател на сопствената благосостојба наместо на Бог. Да озборуваш некого затоа што не се прилагодува на некој формализам, заборавајќи при тоа дека „новата“ заповед на христијнството – љубовта кон ближниот без „ако“ и „но“.
И денес повторно читањата од денешната литургија го потикнаа папата Фрањо на размислување за замките кои се наоѓаат во животот со вера. Светиот Отец тргна од зборовите на свети Павле за да го истакне гревот на идолопоклонството , гревот на оние луѓе кои – како што рекол Апостолот – иако го запознаа Бог, не му искажуваа ни слава ни благодарност како на Бог“, обожавајќи го повеќе створението отколку Створителот.
Тоа идеопоконство на крајот ја гуши вистинската вера во која се гледа Божјата праведност – напомена Светиот Отец и додаде – Но, бидејќи сите имаме потреба од обожавањее – бидејќи во себе носиме Божји знак – кога не го почитуваме Бог, почитуваме создание. А тоа е преминување од вера во идолопоклонство – истакна Папата.
Тие, идолопоклониците немаат оправдување: иако го запознале Бог, не го славеле, ниту Му заблагодариле како Бог. А кој е патот на идолопоклонството ? Јасно вели: Изветреја во своите размислувања и им се помрачи нивното безумно срце. Самозаљубеноста во сопствените мисли, семоќноста на мислата, тоа што јас го мислам тоа е вистина: со својата мисла создавам вистина … – истакна Светиот Отец.
Свети Павле пред две илјади години ги критикувал идолопоклониците кои се фрлиле ничкум пред влечуги, птици, четроножни. Папата Фрањо забележа дека тоа и денес е проблем, бидејќи никој не ги почитува статуите. Идолопоконството најде друг облик и начин. И денес постојат бројни идоли, и денес има многу идолопоклоници, бројни кои веруваат дека се мудри – рече Папата и додаде – Но има и меѓу нас, меѓу христијаните! Не говорам за оние кои не се христијани – напомена – туку меѓу нас, има такви кои се сметат за мудри, кои се знаат… И станале будали и славата на вечниот Бог ја заменуваат со сопственото јас, со своите идеи, со својата удобност…
И тоа не е некоја историска работа – забележа Папата – и денес на улица има идоли… Сите имаме во себе по некој скриен идол. Можеме пред Бог да се запрашаме: кој е мојот сокриен идол? Оној кој го зазема местото на Господ! – истакна Светиот Отец.
Свети Павле идолопоклониците ги нарекува лудаци, а во Евангелието на денешната литургија, Исус го прави истото со лицемерите, олицетворени во фарисеи кои се соблазнуваат заради тоа што Учителот пред јадење не се измил. „Вие фарисеи – вели Исус – ги чистите чашите и чиниите однадвор , а внатре сте полни со алчност и злоба. И додава: Давате од милостиња тоа што е внатре и гледај – сѐ ви е чисто.
Исус советува – објасни Папата – не треба да гледаме надворешно, туку да одиме до вистината. Чинијата е чинија, но она што е важно е тоа што е во чинијата, а тоа е јадењето. Но, ако си замислен, ако си кариерист, ако си амбициозен, ако си личност која постојано се фали пред себе или на кој му се допаѓа да се фали бидејќи се сметаш за совршен, даваш малку и за милостиња и со тоа го лекуваш твоето лицемерие.
Ова е патот на Господ: да го обожаваш Бог, да го љубиш најмногу од сѐ, и да го љубиш ближниот. Така едноставно, но така тешко! – истакна папата Фрањо и додаде – Само, со тоа може да се прави милостина. Да молиме за таа милост.
Д.И.