Хиротонисан новиот Суботички бискуп Славко Вечерин

Хиротонисан новиот Суботички бискуп Славко Вечерин

На празникот Свети Никола Тавелиќ во сабота 14 ноември 2020 година во Катедралата „Света Тереза Авилска“ во Суботица е хиротонисан новиот Суботички бискуп, монс. Славко Вечерин.

Главен епископот на хиротонијата беше претседателот на Меѓународната бискупска конференција Свети Кирил и Методиј и Зрењанински бискуп, монс. Ладислав Немет, во заедништво со поранешниот Суботички бискуп монс. Иван Пенсеш и епископот од источно – византиски обред од Руски Крстур, монс. Ѓуро Џуџар.

На хиротнијата покрај Апостолскиот нуцниј во Србија монс. Лучијано Суријани, присустуваа и повеќе бискупи од регионот.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот