Фондацијата Реал Мадрид и Латинскиот Ерусалимски патријархат соработуваат

Фондацијата Реал Мадрид и Латинскиот Ерусалимски патријархат во Ерусалим на 28 април потпишаа договор за оспособување на тренери во училиштата на Латинскиот патријархат и промовирање на позитивните вредности на спортот меѓу студентите.

Со помош на спортските вредности, Фондацијата Реал Мадрид промовира културни и општествени активности, а веќе е присутна во четири патријахатски училишта, а овој договор ја прошири програмата за други девет училишта во Палестина, Израел и Јордан. Училиштата се во местата Беит Џала, Беит Сахур, Јафа ди Назарет Реинех, Рамалах, Забадех, Мадаба и две училишта во Газа.

За време на посетата на Светата Земја, Фондацијата одржа тридневен образовен курс за сите спортски наставници кои работаат во училиштата вклучени во програмата.  Делегацијата на шпанскиот тим, исто така ги посети училиштата во местата Беит Џала и Беит Сахур и семинаријата во Беит Џали и прес-службата на Латинскиот патријархат.

Договорот е потпишан во присуство на Фауд Твал, латински ерусалимски патријарх, бискупот Вилијам Шомалја, патријархискиот викар за Ерусалим и Палестина, отец Фаисал Хијазин, директорот на патријархиските училишта во Израел и Палестина, отец Јамал Кадер, директорот на семинаријата во Беит Џали и отец Георг Ајоб, канцелар на Латинскиот патријархат. Помеѓу останатите, во име на Фондацијата присутни беа Хулио Гонзалез Ронко, главен директор на Фондацијата, тренерот Давид Гил Чападо, одговорен за техничката програма за формацијата и Летиција Олаварија, одговорна за проектот.

РВ/Б.Р

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот