Турција: Византиска црква ќе се претвори во џамија

Истанбул, 18.4.2013 /к.мк/ – Властите во Трабзон во североисточна Турција, сакаат една стара византиска црква да ја користат за исламски богослужби. Во моментов се размислува како тие би можеле да ги покријат христијанските фрески со завеси во Света Софија од Трабзон, бидејќи во исламот се забранети слики, објавија во понеделникот турските медиуми.

Слично како и Света Софија во Истанбул, градбата во Трабзон била изградена како црква во 13 век, која подоцна е претворена во џамија, и конечно е прогласена за музеј. Во случај на Света Софија во Истанбул, властите во изминативе години повеќе пати го одбиваат барањето на исламистичките групи за одобрување на исламскате богослужби во овој објект.

Во 2006 година, во Турција италијанскиот свештеник о. Андреја Санторо беше убиен во една друга црква во Трабзон. Тој додека молеше во неговата парохиска црква, 16-годишниот ученик Узхан Акдин со два крушуми во грб го застрела и уби. Кога куршумите навлегле во грбот на свештеникот, Акдин извикал гласно: „Господ е голем”, јавува катнет. Мајката на свештеникот о. Санторо му прости на убиецот за убиството на нејзиниот син. Убиецот најверојатно ќе отслужи 18-годишна затворска казна поради намерното убиство.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<