Бискупот Стојанов присуствуваше на Теолошко – пасторална седмица во Загреб

Од 26 до 28 јануари 2016 во Загреб се одржа Теолошко – пасторална седмица на тема „Теологија и пасторал на Божјото милосрдие“, на која учество зеде и Н.В.П д-р Киро Стојанов.

Теолошко – пасторалната седмица е научен и пасторален собир на теолозите за промислување над актуелните теми кои ја допираат Црквата, со цел за постојана наобразба и усовршување на носителите на различните служби и посланија во Црквата: епископите, презвитерите, ѓаконите, монаси, монахињи и верниците лаици. Собирот е отворен и на сите други кои се интересираат за овие теми.

Организатор на Теолошко – пасторалната седмица е Католичкиот Богословски Факултет при Загребскиот Универзитет, а се одржвува во Меѓубискупската семинарија во Загреб.

На овој научен собир традиционално се присутни членовите на Бискупските конференции од Хрватска и Босна и Херцеговина, а присуствуваат и други бискупи од Југоисточна Европа.

к.мк/з.и.с.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот