„Оној кој тргува со луѓе е одговорен пред Бога. Да се помолиме за преобраќање на срцата“, порача папата Фрањо во Твитер пораката испратена на 8 февруари по повод 3. светски ден на молитвата и размислувањето за борбата против трговијата со луѓе, а на тема „Деца се! Не се робови!“
Имено, овој настан, почнувајќи од 2015, се одбележува секоја година и тоа на 8 фебруари, на литургискиот спомен на света Бакита која го почувствувала страдањето во ропство. И во Твитер пораката од 7 февруари Светиот Отец предупреди на страшната трговија со луѓето од кои посебно се погодени децата: „Да го слушнеме крикот на бројните поробени деца! Не смееме да бидеме рамнодушни на нивното страдање!“, стои во Твитер пораката на Папата.
Папата Фрањо секој ден на својот Твитер профил нуди кратко размислување и поттик за верниците кои ги користат социјалните мрежи. Минатата недела, 5 февруари, Папата повторно ја истакна важноста за сведочење на христијаните со нивниот живот: „Оној што не верува во Бог, кој не го бара, можеби никогаш не искусил сведоштво кое длабоко го погодило.“ Наредниот ден, 6 февруари, Светиот Отец во една реченица објасни што значи да се биде верник: „Да се биде верник значи да се учи како да се гледа со очи на верата.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк