Туран: Дијалогот со исламот најпотребен од било кога
Дијалогот со исламот е најпотребен од било кога, бидејќи „поголем дел на муслимани не се препознаваат“ во варварските дела на екстремистите, а „дијалогот, дури и во контекст на прогонот, може да стане знак на надежта„ – рече кардиналот Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог,.
Ова тој го истакна во говорот до членовите на Советот на европските бискупски конференции, собрани од 13 – 15 мај на средбата во Швајцарија, која се одржа на темата: „Светло на надежта во дијалог со муслиманите“.
Во последниве години некои настани придонесоа да се создаде негативна слика за исламот – истакна кардиналот – како што се илегалната емиграција на голем број муслимани, како што е сликата на џихадистите како „војници на Алах“ во Европа како и користењето на религијата за оправдување на злосторствата, која што создава страв од исламот, така што често пати зборот „религија“ едноставно се подразбира како „насилство“.
Во овој контекст, во кој многумина ја гледаат само темнината, кардиналот Тауран гледа и светлина, а пример за тоа е, како што рече, „уверувањето кое сѐ повеќе ја пронаоѓа поддршката во Европа, а тоа е потребата за текстовите од Куранот да се примени критериумот на херменевтиката“. Претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог понатаму истакна дека главните фактори за искоренување на растечката исламофобија во Европа треба, на прво место да бидаат самите европски муслимански заедници. „Тие треба да се соочат со екстремистите и со муслиманите кои бараат верско оправдување за своите дела. Во секој случај, спонтано се поставува прашањето: Како да се биде муслиман и да се стане Европеец:“ – рече на крајот кардиналот Туран.
РВ/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк