Струмица: Бројаница од балони за Пресвета Богородица

Младите од парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица по завршувањето на светата Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, 21 септември пристигнаа во процесија во дворот на Црквата со голема Бројаница од балони и со Богородична песна. Застанувајќи пред насобраниот народ молеа на Бројаницата од балони за семејствата во парохијата, Апостолскиот егзархат и за сите семејства во Македонија. Додека пееја Богородични песни, неколку млади ги почастија верниците со „Слово Божјо“, односно со ливчиња, на кои беа испечатени цитати од Светото Писмо.

Активноста на младите е во склоп на циклусот средби насловени „Бранови на верата“, кои се одржуваат еднаш седмично.2220_1

Ден пред тоа во рамките на веронауката, децата во дворот со креди во боја изразувајќи ја својата креативност цртаа мотиви од животот на Црквата.

повеќе фотографии

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот