Срцето од абортирано дете чукаше, а мојата колешка рече: Добро ќе го искористиме овој фетус
Од САД пристигна уште едно застрашувачко сведоштво за работата на најголемата американска организација за репродуктивно здравје или подобро кажано најголемиот американски поборник за абортусот и трговец со органи на неродени деца.
Холи О’Донел, поранешна работничка од клиниката во Сан Хозе опиша случај поради кој дала отказ од Планирано Родителство (Planned Parenthood). Тоа било момент во кој пред себе видела дете кое го преживеа абортусот, а кое требаше да го убие за да можат да му ги извадат органите.
„Дојди да видиш нешто кул“, ја повикала Џесика, нејзина колешка од клиниката. Тогаш Холи го видела детето целосно развиено.
-Во рацете имала инструмент со кој го удрила срцето, а тоа почнало да чука. Гладав во тој фетус чие срце чукаше. Не знам дали тоа дете технички е живо или мртво – раскажува О’Донел.
Предупредуваме дека во 6 минута од видео се појавува потресна слика на жив фетус, најслично на она кое го видела оваа поранешна болничарка. Нејзината колешка тогаш побарала од Холи да засече со ножиците преку лицето за да го извадат мозокот на детето.
„Ова е посебен фетус. Се чини дека од него можеме многу да искористиме“, кажала Џесика. После ова барање, Холи сфатила дека веќе не може да работи за Планирано Родителство, па одлучила да даде отказ.
-Не можам да опишам како се чувствував – раскажува О’Донел која во седмото видео за злосторставата на Планирано Родителство, опишува дека по секој абортус во кој учествувала, размислувала каква иднина би можело да има тоа дете.
-Тој можеше да биде следниот претседател… можеби на три годишна возраст би посакало да црта – се прашувала О’Донел.
Последното видео го коментирале некои американски политичари, барајќи итна истрага на државно и национално ниво, како и престанок на државното финансирање на Планирано Родителство.
-Ова видео содржи потресна исповед за бескрајната варварска пракса на абортирање во Планирано Родителство и продажбата на органи од фетуси кои се родени неоштетени и живи. Планирано Родителство е криминална организација од горе до долу и потребно е итен прекин на финансирањето од страна на даночните обврзници, како и казнено обвинение поради злоделата против човештвото – изјавил главниот инспектор од Центарот за медицински развој (Center fo Medical progress) Дејвид Далајден.
Битно нет/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк