Средбата на Папата со младите во Сараево

Во набискупскиот центар за млади „Иван Павле II“ одржана е средба на папата Фрањо со младите, последната точка од неговата апостолска посета на Сараево, која се одржа на 6 јуни 2015 година

Во набискупскиот центар за млади „Иван Павле II“ одржана е средба на папата Фрањо со младите, последната точка од неговата апостолска посета на Сараево. Во текот на средбата Светиот Отец одговори на прашања на тројца млади од Босна и Херцеговина, а однапред подготвениот говор го предаде на помошниот епископ од Бања Лука, Марко Семрен.

Во медиумите, гласеше првото прашање на едно момче, прочитавме вест дека не гледате телевизија. Сакаме да знаеме дали тоа е вистина, како во тоа успевате? Папата одговори дека тоа е точно и дека телевизија не гледа уште од средината на деведесетите години. „Една ноќ гледав телевизија и сфатив дека тоа не е добро. Од тогаш кога би сакал да погледнам добар филм одам во кинематографска сала, но телевизијата ми беше досадна, не ми беше од помош. Но, јас сум стар знаете, јас сум од камената доба,“ се пошегува Папата. „Сфатив дека времето се промени, живееме во доба на сликите. Во добата на сликите мораме да го правиме истото што и во добата на книгите: го избирам она што е добро за мене. На прво место во таа смисла е одговорноста на создавачот на телевизиската програма, да создаваат нешто креативно, да го создаваат она што нè воздигнува, да создаваат програми кои ќе ги зацврстуваат вистинските вредности, тоа е одговорност. Второ, да знаете да избирате програми, ако видам дека некоја програма не ми прави добро, ги намалува вредностите, пружи нешто негативно, морам да ја сменам програмата. Како што се правеше во мојата камена доба кога читавме книги кои не ни одговараа, па ја отфрлавме таа книга. Третата валкана имагинација која ја убива душата. Кога поединецот е наврзан на компјутерот, роб на сметачот тогаш просто ја губи душата. Затоа телевизијата и сметачот треба да се користат за добри работи кои нè воздигнуваат“, рече Папата.

Второто прашање упатено на Папата гласеше: „Дали успеавте да ја почувствувате љубовта која младите ја чувствуваат кон вас?“ „Секогаш во средбата со младите – одговори Папата – чувствувам радост заради идеалите, заради животот. Но, вие имате една посебност. Вие сте првата генерација по војната. Вие сте цветови на една пролет кои сакаат да одат напред и не сакат да се вратат на уништувањето, не сакат да бидат непријатели едни со други. И тоа е ново за мене. Гледам дека не сакате уништување, не сакате непријателства. Имате голем повик, никогаш не градете ѕидови, градете само мостови. Таа е радоста која ја наоѓам во вас, одговори Папата.

Третото прашање упатено на Папата гласеше: „Која порака на мирот би ни ја испратиле?“ Папата го повтори она што веќе го кажа: за мирот е лесно да се зборува и моќниците често зборуваат и теоретизираат за мирот додека всушност продаваат оружје и шират војна. Очекувам искреност помеѓу она што мислете, чувствувате и правите. Сето спротивно на тоа се вика дволичност. Пред неколку години гледав филм за овој град. Насловот беше „Мост“ и зборуваше за воените страдања. Мостот секогаш обединува, но ако мостот не се користи за да спојува станува многу негативна реалност. Затоа од вас првата генерација по војната очекувам искреност, а не дволичност, да бидете мост кој ќе спојува, рече Папата.

На крајот на средбата Папата на собраните млади повеќе пати им упати поздрав: „Мир вам“ на хрватски јазик. Вие сте цветови на пролетта. Градете мир, работете на мирот, бидете миротворци, за да бидете земја на мирот. Бог да ве благослови, јас од срце ве благословувам сите вас и немојте да заборавете да молете за мене“, порача на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот