Средба на млади во Радово

Радово 18.6.2013 /к.мк/ – Во неделата на 16 јуни во Црквата Свети Пророк Илија во Радово се одржа средба на млади, една од низата заеднички средби што се организираат во пресрет на Светскиот ден на младите. На средбата учество зедоа млади од Радово, Петралинци и Секирник. Средбата започна во црквата со света Литургија за семејства, предводена од Н.В.П. монсињор Киро Стојанов, а молитвениот дел заврши со бдеење на кое се читаа текстови на актуелни теми поврзани со Теологијата на телото на блажениот Иван Павле II, организирано од младите од Радово.

Средбата заврши со дружење во парохиската сала и црковниот двор разменувајќи мислења и искуства за прашања поврзани со верата и христијанскиот живот. (В.Н.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<