Порака на солидарност епископите упатија од пленарната сесија на Советот на европски епископски конференции која започна на 13 септември 2018 година во Познан.
Европските епископи изразија солидарност со папата Фрањо. Порака на солидарност епископите упатија од пленарната сесија на Советот на евроспки епископски конференции која започна на 13 септември 2018 година во Познан.
„Му ја гарантираме на Папата нашата непрестана молитва за неговата личност и за неговата сеопшта служба на Петровиот Престол, му го потврдуваме почитувањето и наклонетоста, најискрена солидарност, нашата колегијална близина: со него сме во секој момент, посебно во моментите кои неправедно ги оптоваруваат чекорите, но не го наведнуваат срцето. Како Совет на конференции во наше и во име на собраќата и во име на Црквата во Европа, ќе ги изразиме овие чувства со пораката која ќе ја упатиме до Светиот Отец“, порача кардиналот Анцело Бањаско воведувајќи во работата на пленарната сесија на CCEE во Познан.
кта/к.мк/Фото: кта