Со сите средства да се бориме против трговијата со луѓе
Надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации го повтори апелот на Папата на Конференцијата во стаклената палата.
Тој предупреди на проблемот на раширената хедонистичка и трговска култура која поттикнува на систематска експлоатација на достоинството и човековите права.
Треба да се искорени трговијата со деца и млади – нагласи надбискупот Ауза.
Потсети дека од Вториот ватикански собор Црквата постојано води борба против трговијата со луѓе и сите облици на модерно ропство.
Објасни дека целта на конференцијата организирана од Обединетите нации е да се утврди што треба сè да се направи, а што не и што би требало да се направи за да ослободат децата и младите.
Надбискупот Ауза нагласи дека работејќи заедно можеме да ја искорениме трговијата со деца и млади и да се оствари програмата за 2030 година која ја усвоија Обединетите нации.
Меѓународната заедница обврзува дека до 2030 година да се стави крај на злоупотребата, експлоатацијата, трговијата и сите облици на насилство – заклучи надбискупот.
РВ/к.мк