Слово за живот, ноември 2020

Слово за живот, ноември 2020

„Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!“ (Матеј 5,4)

Кој не плачел во својот живот? И кој не познава луѓе чија болка се излева низ солзи? Денес, кога медиумите во нашите домови донесуваат слики од целиот свет, постои опасност дури и да се навикнеме на тоа и нашите срца да отврднат пред реката на болка што се заканува да нѐ преплави.

И Исус плачеше[1] и го запозна плачот на својот народ, кој бил жртва на странски окупатор. Многумина болни, сиромашни, вдовици, сираци, маргинализирани, грешници, притрчуваа кон Него за да го слушнат Неговото исцелително Слово за да би оздравиле и телесно и духовно.

Во Евангелието според Матеј, Исус е Месијата кој ги исполнува Божјите ветувања кон Израел и затоа навестува:

„Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!“

Исус не е рамнодушен кон нашите страдања, Тој се дава Самиот Себе како би ги излекувал нашите срце од тврдокорноста на егоизмот, би ја исполнил нашата осаменост и би ни дал сила за нашето делување.

Така, Кјара Лубиќ, ни говори во својот коментар за истото Евангелско слово: „[…] Со овие зборови Исус не сака да ги доведе оние кои се несреќни до едноставно помирување со судбината, ветувајќи им последователна награда. Тој, исто така, размислува за сегашноста. Неговото Царство е всушност, иако не во конечна форма, овде. Тоа Царство е присутно во Исус, Кој откако воскресна по смртта претрпена во најголема болка, ја победи смртта. Царството, исто така, е присутно во нас, во нашето христијанско срце: Бог е во нас. Светата Троица живее во нас. И затоа блаженството кое Исус го навести може веќе сега да се оствари. […] Страдањата може да потрајат, но има нова сила што ни помага да се справиме со животните искушенија, исто како што им помага на другите да ја надминат својата болка и да ги видат како што Тој ги виде и ги прифати како средство за спасение[2].

„Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!“

Во Исусовото училиште можеме да научиме како да бидеме сведоци едни на други и инструменти на нежната и творечката Очева љубов. Тоа е раѓање на нов свет кој од корен го лечи човечкиот соживот и меѓу луѓето го привлекува Божјето присуство, неисцрпен извор на утеха што ја брише секоја солза.

Така, Лена и Филип од Либан го споделија своето искуство со пријателите од црковната заедница: „Драги, Ви благодариме на Вашите честитки за Велигден, кој е толку посебен оваа година. Ние сме добро и внимаваме да не се изложуваме на вирусот. Меѓутоа, бидејќи сме во првите редови на иницијативата „Паррениџ Либан“[3], не можеме да бидеме цело време дома и излегуваме приближно на секои два дена за да им обезбедиме на некои семејства итни потреби: пари, облека, храна, лекови, итн … Веќе и пред Ковид-19 економската состојба во земјата беше многу тешка и сега, како и во целиот свет, се влоши. Но, Провидноста не недостасува: последната пристигна минатата недела од Либанец кој живее надвор од Либан. Тој побара од Лена да обезбеди целосен оброк, три дена во неделата за дванаесет семејства во текот на целиот месец април. Тоа е прекрасна потврда за Божјата љубов која не може да се надмине во великодушноста “.

Летиција Магри

————————————————————-

[1] Спореди Ив 11, 35; Лк 19, 41.

[2] К. Лубиќ, Слово за живот, ноември 1981., во истото, Слово за живот, прередил Fabio Ciardi (Делата на Кјара Љубиќ  5; Città Nuova, Roma, 2017.) стр. 221-222.

[3] Лена објаснува: „Во 1993 година, група семејства, живеејќи го Словото за живот, ја покренаа иницијативата„ Перрениџ Либан “за да и помогнат на мајка со пет деца и нејзиниот сопруг во затвор. Досега обезбедивме помош на околу 200 семејства од целиот Либан, припадници на сите религии. Нашите соработници се вклучени на различни начини како би им ја вратиле семејствата самостојноста: со домашни посети, со потрага по сместување и работа, со помош при учење. Финансиски сме поддржани од околу сто луѓе и компании кои веруваат во нашата иницијатива “.

 

Слово за живот, октомври 2019

Категорија: Вера, Духовност

За авторот